Пинар дел Рио (провинција)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Статистика | |
---|---|
Главен град: | Пинар дел Рио |
Површина: | 10,904.03 км² |
Жители: | 726,574 |
Густина на население: | 66.63 жители на км² |
Карта | |
Пинар дел Рио (Provincia de Pinar del Río) е една од провинциите во Куба. Се наоѓа на западниот крај на островот Куба.
Во провинцијата се наоѓа еден од трите главни планински венци во земјата, Кордиљера де Гванигванико, поделен источно на Сиера дел Росарио и западно Сиера де лос Органос. Овој пејзаж се карактеризира со стрми падини од варовник и рамни, плодни долини.
Речиси целото стопанство во провинцијата се состои од одгледување на тутун кој претставува 70% од тутунот за пури во Куба, кој е високоценет во странство. Најдобриот тутун кој се користи за поскапи марки на пури, расте во рамнината Сан Хуан и Мартинез.
[уреди] Општини
- Баија Хонда
- Канделарија
- Консоласион дел Сур
- Гвана
- Ла Палма
- Лос Паласиос
- Мантова
- Минас де Матахамбре
- Пинар дел Рио
- Сан Кристобал
- Сандино
- Сан Хуан и Мартинез
- Сан Луис
- Вињалес
[уреди] Надворешни врски
Провинции во Куба | |
---|---|
Вила Клара • Гвантанамо • Гранма • Камагвеј • Ла Хабана (со специјалната општина Исла де ла Хувентуд) • Лас Тунас • Матанзас • Пинар дел Рио • Санкти Спиритус • Сантијаго де Куба • Сиего де Авила • Сиенфуегос • Сиудад де Ла Хабана • Холгвин |