Сантијаго де Куба (провинција)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Статистика | |
---|---|
Главен град: | Сантијаго де Куба |
Површина: | 6,156.44 km² |
Жители: | 1,036,280 |
Густина на населението: | 168.32 жители на km² |
Карта | |
Сантијаго де Куба (Provincia de Santiago de Cuba) е втората провинција по број на жители во Куба. Во неа живеат околу 1.2 милиони луѓе; најголемиот град, Сантијаго де Куба (554,000) е главен административен центар. Други поголеми градови се Палма Соријано (125,000), Контрамаестре (88,000), Мајари Ариба (80,000), Сан Луис (65,000) и Сонго-ла Маја (50,000).
Провинцијата е богата со прородни ресурси како железо и никел. Меѓутоа стопанството е главно земјоделско, со големи плантажи на банани, какао и кафе ширум нејзините пространства. Околу главниот град индустријата е во подем, а исто така и туризмот. Природната убавина на овие краишта привлекуваат многу туристи од КУба и од светот.
Во провинцијата Сантијаго де Куба се случиле многу битки, во војната за независност, како и во Кубанската револуција (1959), каде голем дел од герилските борби се одвивале по планините.
[уреди] Општини
- Контрамаестре
- Чивирико
- Мела
- Палма Соријано
- Сан Луис
- Сантијаго де Куба
- Мајари Ариба
- Ла Маја
- Крусе де лос Бањос
[уреди] Надворешни врски
- Santiago.cu (шпански)
- Туристички информации за Сантијаго де Куба (англиски)
Провинции во Куба | |
---|---|
Вила Клара • Гвантанамо • Гранма • Камагвеј • Ла Хабана (со специјалната општина Исла де ла Хувентуд) • Лас Тунас • Матанзас • Пинар дел Рио • Санкти Спиритус • Сантијаго де Куба • Сиего де Авила • Сиенфуегос • Сиудад де Ла Хабана • Холгвин |