Санкти Спиритус (провинција)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Статистика | |
---|---|
Capital: | Санкти Спиритус |
Површина: | 6,736.51 km² |
Жители: | 460,328 |
Густина на населението: | 68.33 жители на km² |
Карта | |
Санкти Спиритус (Provincia de Sancti Spíritus) е една од провинциите во Куба. Главен град е Санкти Спиритус. Друг град од поголема важност е Тринидад.
Јужното крајбрежје на провинцијата е рамно, но западниот дел на провинцијата е планински. На југоисток се наоѓаат бројни ризофори и мочуришта.
Во оваа провинција се наоѓа најголемиот вештачки резервоар во Куба, наречен Ембалсе Заза.
Туризмот е голема стопанска гранка во провинцијата, кој се случува околу Тринидад, град кој му припаѓа на Светското културно наследство со дузини колонијалн згради (и речиси без архитектура од XX век) кои датираат од шпанската хегемонија во 1500-тите. Како речиси цела Куба, шеќерната трска и говедата се важни за стопанството. Тука во извесна мера се одгледуваат и тутун и ориз.
Во 1600-тите, холандски и британски пирати пробале да ја заземат оваа територија, но биле неуспешни, бидејќи шпанскиот гарнизон постојатно ги одвратувал. Од 1660 до 1680, Тринидад бил преполн со пирати од Јамајка и Тортуга, и на два пати тие го срамниле градот со земја.
Провинциите Сиенфуегос, Санкти Спиритус и Вила Клара биле дел од некогашната провинција Санта Клара.
[уреди] Општини
- Кабаигван
- Фоменто
- Хатибонико
- Ла Сјерпе
- Анкти Спиритус
- Тагваско
- Тринидад
- Јагвахај
Провинции во Куба | |
---|---|
Вила Клара • Гвантанамо • Гранма • Камагвеј • Ла Хабана (со специјалната општина Исла де ла Хувентуд) • Лас Тунас • Матанзас • Пинар дел Рио • Санкти Спиритус • Сантијаго де Куба • Сиего де Авила • Сиенфуегос • Сиудад де Ла Хабана • Холгвин |