Гранма (провинција)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Статистика | |
---|---|
Главен град: | Бајамо |
Површина: | 8,375.49km² |
Жители: | 822,452 |
Густина на население: | 98,20 жители на km² |
Карта | |
Гранма (Provincia de Granma) е една од провинциите во Куба. Нејзин главен град е Бајамо. Други поголеми градови се Манзаниљо (пристаниште на заливот Гваканајабо) и Пилон.
Провинцијата е именувана по бродот Гранма, користен од Че Гевара и Фидел Кастро за да допловат до Куба со 82-бројна герила.
Провинцијата изобилува со остатоци од кубанската револуција и кубанските војни за независност - натписи во планините кои ја опишуваат борбата од 1959 година против Фулгенцио Батиста. Постојат и многу необележани гробови од разните војни. Има и неколку напуштени рудници за злато, сребро и манган. Ова е областа каде е центарот на моќ на Раул Кастро. Се одгледува кафе во планинските региони на провинцијата, а за време на бербата на кафето може да има и патни блокади каде војската осигурува кафето да не биде дадено на црниот пазар.
[уреди] Општини
- Бартоломе Масо
- Бајамо
- Буеј Ариба
- Кампечуела
- Кауто Кристо
- Гвиса
- Хигвани
- Назаниљо
- Медја Луна
- Никверо
- Пилон
- Рио Кауто
- Јара
Провинции во Куба | |
---|---|
Вила Клара • Гвантанамо • Гранма • Камагвеј • Ла Хабана (со специјалната општина Исла де ла Хувентуд) • Лас Тунас • Матанзас • Пинар дел Рио • Санкти Спиритус • Сантијаго де Куба • Сиего де Авила • Сиенфуегос • Сиудад де Ла Хабана • Холгвин |