Исла де ла Хувентуд
Од Википедија, слободна енциклопедија
Статистика | |
---|---|
Главен град: | Нуева Герона |
Површина: | 2,419.27 km² |
Жители: | 86,559 |
Густина на населението: | 35.78 жители на km² |
Карта | |
Исла де ла Хувентуд (Isla de la Juventud, Остров на младоста) е најголемиот кубански остров по самата Куба. Зафаќа површима од 3056 km² и лежи 100 km југозападно од големиот кубнански остров, преку Батабанскиот Залив. Ова е речиси директно на југ од Хавана и Пинар дел Рио, и заради неговата раздалеченост, население и стопански особености, се смета за Специјална Општина, и не е дел од ниедна провинција. Затоа островот е управуван директно од владата на Куба.
Населението брои околи 100,000 жители. Главен и најголем град е Нуеба Герона на север, а втор по големина и прв по старост е Санта Фе во втарешноста. Други населени места се Колумбија, Мек Кинли, Санта Барбара, Кучиља Алта, Пунта дел Есте, Сиера де Кабаљос и Сиера де Касас. Остовот се викал и Остров на боровите (Isla de Pinos) пред да биде преименуван во 1978 год.
[уреди] Географија и стопанство
Голем дел од островот е прекриен со борови шуми, кои се извор за големата индустрија за дрвена граѓа. Северниот регион од островот има ниски 'ртови од каде се исползува мермер, додека пак јужниот регион е висорамнина. Земјоделството и рибарството се главните стопански гранки, со тоа што цитрусот и зеленчукот исто така се одгледува. Тука има плажа со црн песок формирана од вулканска активност.
Островот има умерена клима, но и чести урагани. Ова е популарна туристичка дестинација, со многу плажи и одморалишта, меѓу кои и плажата Бибихагва. Сѐ до владината експропријација на сите имоти во странска сопственост во раните 1960-ти години, голем дел од земјата била во сопственост на американци.
[уреди] Транспорт
Главниот транспорт е по вода или воздух. Хидрофоилите (кометас) и моторизираниоте катамарани се најбрзи (2-3 часа). Побавни се големите товарни фериботи кои преминуваат на главниот остров за шест часа, но тие се и поевтини. Провинцијата има само една општина, која исто така го носи името Исла де ла Јувентуд.
[уреди] Надворешни врски
- Општинска веб-страна (шпански)
Провинции во Куба | |
---|---|
Вила Клара • Гвантанамо • Гранма • Камагвеј • Ла Хабана (со специјалната општина Исла де ла Хувентуд) • Лас Тунас • Матанзас • Пинар дел Рио • Санкти Спиритус • Сантијаго де Куба • Сиего де Авила • Сиенфуегос • Сиудад де Ла Хабана • Холгвин |