Гвантанамо (провинција)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Статистика | |
---|---|
Главен град: | Гвантанамо |
Површина: | 6,167.97km² |
Жители: | 507,118 |
Густина на население: | 82.22 жители на km² |
Карта | |
Гвантанамо (Provincia de Guantánamo) е најисточната провинција на Куба. Нејзин главен град е Гвантанамо. Друг поголем град е Баракоа. Провинцијата ја заобиколува важната приморска база на САД кај Гвантанамо Беј.
Архитектурата и културата на Гвантанамо не е иста како во останатиот дел од Куба. Провинцијата е само 80 km од Хаити, нејзината најблиска точка преку Виндвардскиот Премин, и доволно блиску за да навечер се видат светлата од светилниците во Хаити. Гвантанамо исто така има и голем број имигранти од Јамајка, што значи дека многу згради се споредливи со оние од Францускиот Кварт на Њу Орлеанс во Луизијана.
Планините Нипе-Сагуа-Баракоа доминираат во провинцијата, притоа делејќи ја климатски и географски. Северниот брег е највлажниот дел од земјата, додека на југ е најтоплиот дел. Северот се карактеризира со дождовни шуми, додека југот е неплоден и има многу кактуси.
[уреди] Општини
- Баракоа
- Кајманера
- Ел Салвадор
- Гвантанамо
- Имијас
- Маиси (Ла Макуина)
- Мануел Тамес
- Нисето Перез
- Сан Антонио дел Сур
- Јатерас (Паленкве)
[уреди] Видете исто така
- Гвантанамера
- Национален Парк Алехандро де Хумболт
Провинции во Куба | |
---|---|
Вила Клара • Гвантанамо • Гранма • Камагвеј • Ла Хабана (со специјалната општина Исла де ла Хувентуд) • Лас Тунас • Матанзас • Пинар дел Рио • Санкти Спиритус • Сантијаго де Куба • Сиего де Авила • Сиенфуегос • Сиудад де Ла Хабана • Холгвин |