Static Wikipedia February 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu

Web Analytics
Cookie Policy Terms and Conditions Понтифекс Максимус - Википедија

Понтифекс Максимус

Од Википедија, слободна енциклопедија

Октавијан Август во одело на Понтифекс Максимус
Октавијан Август во одело на Понтифекс Максимус

Понтифекс Максимус (латински: Pontifex Maximus), што значи „Врховен понтиф“, бил највисокиот свештеник во староримскиот Понтифски Колегијат. Ова била највисоката свештеничка фукнција во римската религија, отворена само за патриции, до 254 п.н.е., кога за прв пат на оваа функција дошол плебеец. Ова била јасно религиозна функција во раната Римска република, но полека таа се исполитизирала и во времето на Октавијан Август била вклучена во титулата Цар (Император). За последен пат титулата ја имал христијанскиот цар Грацијан додека не прешла во рацете на Бискупот на Рим.[1][2]

Денес, „Понтифекс Максимус“ е една од титулите на Бискупот на Рим како Папа на Католичката црква. Оваа титула редовно стои (меѓу останатите) на згради, паметници и монети, посветени или поинаку направени за време на извесен понтификат.

Содржина

[уреди] Етимологија

Зборот понтифекс буквално значи „мостоградител“ (pons + facere); Maximus значи „највелик“ т.е. „највисок“. Веројатно ова првобитно носело буквално значење: фукцијата мостоградител била навистина важна во Рим, каде главните мостови се протегале преку реката Тибар, која била света река (а истовремено и божество); само на врвни функционери со свети функции можело да им се дозволи да ја „вознемируваат“ реката со изградби. Меѓутоа, титулата отсекогаш имала и симболичко значење: понтифите го измазнувале мостот помеѓу човекот и боговите (Ван Хеперен). Кон ова може да се спомене дека и во стара Индија во ова време се користеле вакви слични концепти во врска со реки и мостови.

Зборот понтифекс е поврзан и со етрурскиот збор понт, „пат“, или „припремач на патот“.[2] Некои сметаат дека овој збор е грешно изведен од етрурскиот збор со слична звучност, но етимилошка неповрзаност со значење свештеник, но ова е став на малкумина.

Теми во римското управување
Римско кралство
Римска република
Римско царство
Принципат Доминат
Западно царство Источно царство
Стандардни магистрати :
  • Едил
  • Трибун
  • Цензор
  • Гувернер
Вонредни магистрати :
  • Магистер Еквитум
  • Конзуларен трибун
  • Диктатор
  • Триумвири
  • Децемвири
Функции, звања и почести :
  • Понтифекс Максимус
  • Легат
  • Дукс
  • Официум
  • Префект
  • Викариј
  • Вигинтисексвири
  • Ликтор
  • Магистер Милитум
  • Император
  • Принцепс сенатус
  • Цар
  • Август
  • Цезар
  • Тетрарх
Политика и право :
  • Римски Сенат
  • Курсус Oнорум
  • Римски собранија
  • Колегијалност
  • Римско право
  • Римско државјанство
  • Империум


[уреди] Пагански понтифи

[уреди] Потекло за време на кралскиот период

Таканаречениот Collegium Pontificum или Понтифски Колегијат бил најважното верско тело во Стариот Рим. Неговото основање му се прешишува на вториот крал на Рим, Нума Помпилиј. Можеме слободно да кажеме дека задачата на колегиумот била да го советува рексот (кралот) за религиозни работи. На чело на колегиумот стоел понтифекс максимус и сите понтифи ја држеле оваа функција доживотно. Пред воспоставувањето на оваав институција, сите религиозни и административни функции му припаѓале на кралот. За понтифите вво ова време се знае многу малку заради загубата на главните историски извори, додека некои настани се сметаат за полулегендарни и митолошки. Речиси сите дотогашни записи биле уништени за време на Грабежот на Рим во 390 п.н.е. Сведочењата за овој ран период се земени од извадоци на текстови напишани за време на републиканскиот период.

  • видете: Римско кралство

[уреди] Развој за време на Римската република

Во Римската република, Понтифекс Максимус била највисоката функција во политеистичката римска религија, која била државен култ. Тој бил наважниот од понтифите, во главниот свет колегијат наречен Понтифски Колегијат (Collegium Pontificum) со кој тој управувал. Според Ливиј, по падот на монархијата, римјаните создале и свештеничка титула наречена Свет крал (Rex Sacrorum) кој ги изведувал верските должности и жртвувања кои дотогаш ги вршел кралот. Меѓутоа нему му било јасно забрането да зазема било какви политички функции или место во Сенатот како мерка на претпазливост од можноста тој да стане тиранин. Исто така Светиот крал му бил потчинет на Понтифексот Максимус како дополнителна мерка против тиранија.[3] Други членови на свештеноството виле фламените (секој посветен на по едно важно божество), и весталките. Во раниот период на републиката, задачата за назначување на овие свештеници му припаѓала на Понтифексот Максимус. Меѓутоа, постоеле многу други верски функционери, како авгурите и харуспексите (два изворно етрурски вида на претскажување: од летот и однесувањето на птиците и утробата на жртвувани животни), Фецијали и многу други колегиуми и поединечни функции.

Официјаната резиденвија на Понтифексот Максимус била т.н. Домус Публика сместена помеѓу Куќата на весталките и Виа Сакра, блиску то Регијата, на римскиот форум. Неговите верски должности ги изведувал од Регијата, „куќата на кралот“.

Доколку еден понтифеџ маскимус на бил истовремено и магистрат, нему не му било дозволено да носи тога претекста, т.е. пурпурно обрабена тога. Меѓутоа, тој бил препознатлив по својт железен нож (секеспита)[2] или неговата патера[4] и посебното одело или тога со дел од мантилот кој ја покрива главата.

Понтифексот не бил само свештеник. Тој имал и политички и религоиозена авторитет. Непознато е што од овие било поважно. Во пратиката, особено во доцната република, функцијата понтифекс максимус ја држел член на некое политички проинентно семејство. Ова билал моногу посакувана фукнција, главно заради престижот кој го носела; Јулиј Цезар станал понтифекс во 73 п.н.е. и понтифекс максимус во 63 п.н.е. Функцијата не била редовна работа со полно работно време и затоа не ја исклучувала можноста човекот на оваа функција да држи и световна управна функција или да служи во војска.

Најновата генерална студија за понтификатскиот колегиум (Ван Хеперен 2002), ги испуштта најраните периоди од римската историја бидејќи за нив се знае премалку. Главниот римски извор, Вароновата книга за понтифите денес повеќе не постои: само мал дел од неа е останат во Авел Гелиј и Нониј Марцел. Повеќе информации можат да се добијат од забелешките на Цицерон, Ливиј, Дионисиј од Халикарнас, Валериј Макисм, во Плутарховиот живот на Нума Помпилиј, Фестовите резимирања на Вериј Флак, како и подоцнежни писатели. Некои од овие извори даваат големи листи на секојдневни нешта (постапки) кои биле табу за еден Понтифекс Максимус; но тешко е овие листи да се поврзат со фактот што овие функционери биле важни членови на општеството кои живееле нормален непопречен живот.

[уреди] Избори број на понтифекси

Бројот на Понтифексите, избрани од т.н. ко-оптацио (т.е. останатите членови го номинират нивнот нов колега) доживотно, бил пет, вклучувајќи го и понтифексот наксимус.[1][2] Потифексите, можат да дојдат само од од стари благороднички семејства, патрициите. Меѓутоа во 300 п.н.е./299 п.н.е., т.н. лекс Огулнија ја отворил оваа функција и за плебејците и така дел од престижот на титулата се изгубил. Но дури во 254 п.н.е. се јавил првиот плебејски Понтифекс Максимус - Тибериј Корунканиј.[5] Т.н. лекс Огулнија исто така го зголемил бројот на понтифексите на девет (заедно со нивниот понтифекс максимус). Во 104 п.н.е., т.н. лекс Домиција диктирал дека отсега изборот (гласањето) ќе го врши т.н. комиција трибута(народно собрание поделено во изборни единици); по истиот закон, само 17 од 35-те родови во градот Рим имаат право на глас. Овој закон бил укинат во 81 п.н.е. од страна на Сула во неговиот лекс Корнелија де Сакердотиис, кој им дал полно право на избор на големите свештенички колегијати (Лив. Епит. 89; Псевдо-Аскон. во Дивинат, стр. 102, Изд. Orelli; Dion Cass. xxxvii.37). Сула го зголемил и бројот на понтифекси на петнаесет, заедно со нивниот понтифекс максимус. Во 63 п.н.е., која Јулиј Цезар бил Понтифекс Максимус, бил укинат законот на Сула и наместо него поставен изменет облик на законот лекс Домиција, повторно со изборно право на т.н. комиција трибута, но Марко Антониј подоцна го вратил правото на ко-оптацио (гласање) на колегијатот (Дион Кас. xliv.53). Исто така за време на владеењето на Јулиј Цезар, понтфексите сега броеле шеснаесет души заедно со нивниот понтифекс максимус. За време на зарството бројот на понтифексите варирал, но сме смета дека редовно броел петнаесет свештеници.[1]

[уреди] Вонредно назначување на диктатори

Функцијата станала самостојна по падот на монархијата, кога светите права и должности прешле во рацете на Понтифексот Максимус или Жртвениот крал, иако традиционално (неполитички) диктатор (видете исто така: базилеј, интеррекс) тој бил формално мандатиран од Сенатот за еден ден, за изведување на извеснен обред.

Според Ливиј во неговата „Историја на Рим“, стариот водеич напишан со архаични букви вели: „Нека тој што е Претор Максимус врзе шајка на Септемвриските Иди.“ Овој проглас се врзувал од десната страна на храмот на Јупитер Оптимус Максимус, веднаш до капелата на Минерва. Се смета дека шајката го означувала бројот на годината. Според овие инструкции конзулот Хорациј го посветил храмот на Јупитер Оптимус Максимус по истерувањето на кралевите; од конзулска церемонија, оваа станала диктаторска, заради поголемиот авторитет. Заради подоцнежноо губење на обичајот, се сметало од доволно големо значење да се назначи диктатор. За ова бил номиниран Л. Манлиј, но неговото назначување било о дполитички, а не верски причини. Тој бил ж елен да командува во војната против Херниките. Невнимателниот начин на кој тој регрутирал војници предизвикал бес. Најпосле, како резултат на едногласниот отпор на трибуните на плебејците, тој попуштил, своеволно или насила, и се откажал од диктаторството. Оттогаш, овој обред го изведувал Жртвениот крал (Rex Sacrorum).( Ливиј, Тит. „„Историја на Рим““. (HTML) Ancient History Sourcebook: Accounts of Roman State Religion, ц. 200 п.н.е.- 250 н.е.. (јавен домен)© Пол Халсал, август 1998, Фордхемски Универзитет. [Страната е посетена на 23.08.2006].)

[уреди] Должности

Главната должност на понтифексите било одржувањето на т.н. „pax deorum“ - „мир на боговите“.[6][7][8]

Во средиштето на неизмерниот авторитет на колегијатот стоел Понтифексот Максимус, а другите онтифекси биле негов конзилиум или советодавно тело. Неговите дукнции биле делумно жртвени или ритуалистички, но овие биле најмалку важни. Неговата вистинкса моќ била во спроведувањето на т.н. jus divinum, божествениот закон;[9] информациите кои понтифеските ги собирале во врска со римската верска традиција се составувале во еден корпус со резимирана догма и други концепти. Главните одделенија на т.н. jus divinum може да се опишат вака:

  1. Регулација на времени церемонијали потребни во време на зарази, громови и сл.
  2. Осветување на сите храмови и други свети места и објекти посветени на боговите од страна на државата преку своите магистратури.
  3. Регулација на календарот; не само астрономски, туку и неговна детална примена во јавниот живот во државата.
  4. Примена на законот за погреби и погребални места, и богослужение на Маните, мртвите предци.
  5. Надзор на сите венчавки со конферацио, т.е. првобитно на сите законски патрициски венчавки.
  6. Примена на законот за посвојувања и тестаменти.

Понтифексите имале и важни функции во врска со државните архиви, водење официјални записници за избраните магистрати (видете Фасти) и листи на магистрати, како и записи за нивните решенија (commentarii) и главните настани во годината, таканаречените „јавни летописи“ - Аналес максими.[10]

Понтифексите биле задолжени и за римскиот календар и одредувале кога треба да се додаваат интеркаларни денови за усогласување на календарод според годишните времиња. Бидејќи понтифексите често биле и политичари, и заради тоа што мандатот на магистратите бил една календарска година, оваа моќ била подложна на злоупотреба: понтифексот можел да ја продолжи годината во која тој или негов политички сојузник служи некоја функција, или да одбие да продолжи некоја каде неговите соперници се на власт. Под неговиот авторитет како Понтифекс Маскимус, Јулиј Цезар го реформирал календарот во денес-познатиот Јулијански календар, со грешка од ден на еден век, лесно поправлива со модификација на правилата за деновите во престапните години (додавање само на престапна година) и така создавајќи го денешниот Грегоријански календар.

[уреди] За време на царството

По атентатот врз Цезар во 44 п.н.е., неговиот сојузник Марко Емилиј Лепид бил избран за Понтифекс Максимус. Иако Лепид подоцна се соочил со политички проблеми и бил изгонет од страна на Октавијан Август, тој си го задржал ова свештенство сѐ до неговата смрт во 13 п.н.е., по што Август бил избран за оваа фукнција со право да именува понтифекси. Така, од времето на Август, изборите за понтификати престанале да постојат и самите свештеници се бирале на база на царска влагонаклоност.[2] Со оваа назнака, новата функција Цар (Император) се здобила и со религиозен дигнитет и одговорност за целиот римски државен култ.

Одттука, па натаму, Понтифекс Максимус била една од многуте титули на Царот, која полека ги изгубила своите историски специфики и станала само референца за верскиот аспект на царските должности. За време на царскиот период, промагистерот (заменик-магистер) ги изршувал должностите на понтифекс максимус на место на царевите во нивно отсуство (Ван Хеперен). Во постсеверското време (по 235 н.е.), малиот број на пагански сенатори кои скаале да станат понтифи довел до промена на шемата на заземање на функциите. Во републиканско и царско време не повеќе од еден член на еден генс можел да биде член на Понтифскиот Колегијат, а еден човек не смеел да држи повеќе од едно свештенство во неговиот колегиум. Овие правила биле олабавени во подоцнежниот дел на III век н.е.. Во времиња кога двајца ја делеле власта, двајца понтифекси максимуси можеле да служат заедно, како Пупиен и Балбин во 238 — незамислива ситуација во републиканско време. За време на Кризата од III век, узурпаторите не се воздржувале од заземање на улогата на Цар и Понтифекс Максимус истовремено. Дури и раните христијански цареви продолжиле да ја користат; дури царот Грацијан ја оттуѓил оваа титула во 376, при неговата посета на Рим (Ван Хеперен).

[уреди] Оставнина

[уреди] Христијанска употреба

Во христијанските кругови, кога Тертулијан, Монтанист, со бес го применил изразот на папата Каликст I, со кој бил во лоши односи, ц'.' 220, во врска со Каликстовото олабавување на црковната покајничка дисциплина, дозволувајќи им на постојаните прељубници и развратници да ѝ се враќаат на Црквата, под неговиот Петровски авторитет, да „заслепува и олабавува“, се искажал со горка ироничност:

„Споротивставајќи се на оваа [пристојност], зарем не можев да бидам скривател? Слушам дека дури и указ е пратен, и тоа со заповеднички карактер. ,Понтифексот Максимус', т.е. ,бискупот на бискупите', издава указ: ,Им ги смалувам, на оние на кои им се дале [условите за] покајание, за гревовите прељуба и разврат.' Ох указ, на кој уште малку нема испишано, ,Добро дело!' … Далеку, е оваа објава од Христовата веридба!“ (Тертулијан, За пристојноста, Глава 1)

Не е јасно дали зборот Понтифекс бил вообичаен во христијанството во III век со значење бискуп. Тертулијановата прима на зборот е невообичаена по тоа што сите технички изрази од паганството се изблегнувале во христијанскиот латински вокабулар и заменувани со неологизми или грчки зборови. Наместо ова некаде се среѓава зборот Понтифекс сумус, иако ова не се среќава редовно.

Последните траги од царевите кои биле истовремено и Понтифекси маскимуси наоѓаме во записот на Валенцинијан, Валенс, и Грацијан (Орели, Напис. n1117, 1118). Од времето на Теодосиј, заревите веќе не се понтифи; на крајот титулата ја зел Бискупот на Рим.[11] Царската титула и оделото на понтифексот максимус биле предадени од страна на Цар Грацијан под влијание на Св. Амброз. Владеењето на Грацијан било и епохално видејќи, во 382 год., државните пари за издрѓка на паганската вера биле повлечени и Олтарот на Победата бил остранет од Форумот.[12] Иако царот се откажал од тутулата, самата функција никогаш не била поништена. папата Дамас I бил првиот Бискуп на Рим кој ја зел титулата,[13][14][15] кој се нарекувал Pontifex Maximus во петицијата до царот за правен имунитет.[16] Исто така интересно е да се спомене специфичната сиференцијација направена од страна на цар Теодосиј за законот на 27 февруари 380 (De Fide Catolica) донесен во Солун и издаден во Константинопол за целата империја, т.е. воспоставувањето на Католицизмот како официјална религија во неа: ...вероисповест на таа религија која им беше дадена на римјаните од божествениот Апостол Петар, како што е зачлувана од верната традиција и денес проповедана од Понтифот Дамас и од Петар, Бискуп на Александрија... Ги овластуваме следбениците на овоој закон да ја земат титулата Католички христијани; но за другите....[17] Диференцџијацијата е примертлива, но полното звање pontifex maximus не стои експлцитно во текстот; наместо тоа употребено е pontificem, т.е.:...declarat quamque pontificem damasum sequi claret et petrum alexandriae episcopum...(Теодосиев кодекс XVI.1.2; и Соцомен, „Духовна историја“, VII, iv. [18]).

Не е јасно дали титулата Pontifex Maximus била постојано користена од Бискупите на Рим од времето на откажувањето на Грацијан (крај на IV век), па натаму. Ова било времето на транзицијата на Римското царство во распад, од паганство во христијанство, и тука Константинопол добива на најголемо значење, историски водејќи до конфликтот помеѓу Бискупите на Рим. Билзу крајниот колапс на царството со инвазијата на Хуните и Вандалите, папата Лав Велики исто така се смета дека ја зел титулатѕа понтифекс Максимус.[19] До крајот на VI век, Грегориј I бил првиот папа да го искористи зборот „Pontifex Maximus“ во формална смисла, во рамките на пошироката програма за зацврснување на римската надмоќност. Ова е една од папските титули и ден денес.

Птимер за јавно уметничко дело под моментален понтификат: нова порта на Ватикан. Benedictus XVI Pont(ifex) Max(imus) Anno Domini MMV Pont(ificatus) I
Птимер за јавно уметничко дело под моментален понтификат: нова порта на Ватикан. Benedictus XVI Pont(ifex) Max(imus) Anno Domini MMV Pont(ificatus) I

И покрај денешниот карактер на титулата кој е трансформиран од римски те корени, оваа политичка и упоравна функција постои и работи уште од основањето на Рим.[20] Папата на Римокатоличката црква е буквално, на секј начин и цел и во реалност, „високиот свештеник“ (друг превод на pontifex maximus) на католичката вера. Затоа, во смисол на потекло, а не употреба, титулата Понтифекс Максимус е најстарата титула во употреба од страна на папата. Исто така оваа е и најстарата римска институција на една функција во Европа со старост преку 3,000 years.

  • Титулата Pontifex Maximus била узурпирана за кратко време,1902–1906, од поглаварот на филипинската секта Аљипајанизам.

[уреди] Традиција на суверениот како Висок свештеик

Главна статија: Цезаропапизам.

Практиката на духовното и световното двојство на една личност има долга историја, од римјаните на византиските императори, каде веројатно го достигнала својот зени на западот. Руската династија Романови, Третиот Рим, кои се сметале за директни потомци на римските цареви, исто така се сметале за врховен авторитет врз Руската Православна Црква. Првиот Свет Римски Император, Карло Велики (†814) се покајал што дал да биде крунисан од папата, наместо да се круниса самиот себе, бидејќи кога авторитетот доаѓал директно од Бога, тој нема потреба од „мостоградител“.[се бара извор]

Иако суверениот на Англија е Врховен гувернер на Англиканската Црква од времето на Англиската реформација, тука постои ефективна подвоеност на црквата и државата.

Источните традиции, од староегипетската до јапонската, го имаат одведено овој концепт и понатаму, со тоа што суверениот има статус на полубог. Световниот еквивалент на царот како Понтифекс Максимус е крал-философ на грчките мудреци, со кои римскиот цар Марко Аврелиј се поистоветувал, како стоик, и кон кои се стремеле прускиот принц Фресдерик Велики и францускиот цар Наполеон Бонапарт - двајцата како философи.

[уреди] Нецелосна листа на носители на титулата

  • 753 п.н.е. до 712 п.н.е. - Должностите и правата на функцијата им припаѓале на римските кралеви
  • 712 п.н.е. - Нума Марциј
  • ...
  • 509 п.н.е. - Папириј
  • ...
  • 449 п.н.е. - Фуриј
  • 431 п.н.е. - Корнелиј Кос
  • 420 п.н.е. - Минуциј
  • 390 п.н.е. - Фолиј Флацинатор
  • ...
  • 332 п.н.е. - Корнелиј Калиса
  • 304 п.н.е. - Корнелиј Скипион Барбат
  • ...
  • 254 п.н.е. - Тибериј Корунканиј
  • 243 п.н.е. - Сесилиј Метел
  • 237 п.н.е. - Луциј Корнелиј Лентул Кавдин
  • 212 п.н.е. - Публиј Луциниј Крас Дивес
  • 183 п.н.е. - Гај Сервилиј Гемин
  • 180 п.н.е. - Марко Емилиј Лепид
  • 152 п.н.е. - Слободно
  • 150 п.н.е. - Публиј Корнелиј Скипион Насика Коркул
  • 141 п.н.е. - Публиј Корнелиј Скипион Насика Серапион
  • 132 п.н.е. - Публиј Лициниј Крас Муцијан
  • 130 п.н.е. - Публиј Муциј Скевола
  • 115 п.н.е. - Луциј Сесилиј Метел Далматик
  • 103 п.н.е. - Гнеј Домициј Ахенобарб
  • 89 п.н.е. - Квинт Муциј Скевола
  • 81 п.н.е. - Квинт Сесилиј Метел Пиј
  • 63 п.н.е. - Гај Јулиј Цезар
  • 44 п.н.е. - Марко Емилиј Лепид
  • 12 п.н.е. - Октавијан Август
  • 12 п.н.е. до 376 - Во рацете на царевите (императорите)
  • 376 до денес - Титулата му припаѓа на Папата.

[уреди] Наводи

  • Паули-Висова
  • Van Haeperen, Françoise, 2002. Le collège pontifical (3ème s. a. C. - 4ème s. p. C.) во едицијата Études de Philologie, d'Archéologie et d'Histoire Anciennes, бр. 39. (Брисел: Brepols) ISBN 90-74461-49-2 (Bryn Mawr Classical review, 2003)
  • Енциклопедија Британика, Изд. 1911.

[уреди] Фусноти

  1. 1,0 1,1 1,2 Понтифекс Максимус LacusCurtius, пристапено на 15 август, 2006
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Понтифекс Максимус Livius.org статија од Јона Лендеринг, пристапено на 15 август, 2006
  3. Јавна Римска религија Roman Civilization, bates.edu, пристапено на 17 август, 2006
  4. Релјефи на плоча на Марко Аврелиј и царската римска иконографија Држвавен Универзитет на Њујорк, Колеџ во Онеонта, пристапенона 14 септември, 2006
  5. Titus Livius Ex Libro XVIII Periochae, од livius.org, пристапено на 16 август, 2006
  6. Римското прогонство на христијани од Нил Манцуло 8 февруари , 2000 Persuasive Writing, пристапено на 17 август, 2006
  7. Pax Deorum everything2.com, пристапено на 17 август, 2006
  8. „Римска митологија“, Микрософт® Енкрата® Онлајн Енциклопедија 2006 http://encarta.msn.com © 1997-2006 Microsoft Corporation. Сите права задржани. Пристапено на 17 август, 2006
  9. jus divinum, Онлајн речник Мериам-Вебстер, пристапено на 24 август, 2006
  10. Понтифекс, Енциклопедија Британика, Изд. 1911
  11. Понтифекс Максимус папите ја земаат титулата по најдвласта на христијанството, Колумбија Енциклопедија, Шесто Издание. 2001-05., bartleby.com пристапено на 15 август, 2006
  12. Цар Грацијан Римски цареви, пристапено на 15 август, 2006
  13. Понтифекс Максимус Макр Бонкор, пристапено на 15 август, 2006
  14. Папскиот авторитет на првите игуменски совети, Брајан В. Харисон, Жива традиција, Орган на римскиот теолошки форум, пристапено на 19 август, 2006
  15. Повеќе на тема Понтифекс Максимус The Lidless Eye Inquisition, пристапено на 13 септември, 2006
  16. Христијанското апостолско наследување, улогата и функцијата на телемското свештеносто во Ecclesia Gnostica Catholica пристапено на 22 август, 2006
  17. Теодосијанов кодекс XVI.i.2, Medieval Sourcebook: Banning of Other Religions by Paul Halsall, јуни 1997, Фордхемски Универзитет, пристапено на 27 август, 2006
  18. Цар Теодосиј I. „„IMPERATORIS THEODOSIANI CODEX Liber Decimus Sextus““. (web) ancientrome.ru. [Страната е посетена на 04.12.2006].
  19. Папство Енциклопедија Британика. 2006. Енциклопедија Британика Premium Service. 5 септ. 2006
  20. Понтифекс Максимус Култура, unrv.com пристапено на 15 август, 2006


Серијал Римска религија
Функции
Авгур | Фламен | Харуспекс | Понтифекс Максимус | Рекс Неморензис | Жртвен крал | Весталка
Верувања и обичаи
Апотеоза | Фестивали | Погреби | Царски култ | Митологија | Прогонство | Сибилински книги | Храм



Одлична статија Статијата Понтифекс Максимус е пример меѓу одбраните статии.
Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите одбрана статија.
Static Wikipedia 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2006 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu