SI систем на мерки
Од Википедија, слободна енциклопедија
Меѓународниот систем на единици (кратенка SI од француски јазик Le Système international d'unités) е модерна форма на метричкиот систем. Тој е светски најкористениот систем на единици во економијата и во науката.
Стариот метриќки систем содржеше неколку групи на единици. SI е развиен во 1960 година од системот метар-килограм-секунда (mks), наспроти системот цантиметар-грам-секунда (cgs) кој имаше повеќе варијанти.
Со SI се воведени неколку новоименувани единици. SI не е постојанч тој е менлив комплет од стандарди во кој се создаваат единици и дефинициите се менуваат според меѓународна согласност соодветно на напредокот на технологијата на мерење.
Со неколку исклучоци, оцој систем се користи во сите земји во светот и многу земји немаат официјални дефиниции на останати единици. Во САД користењето на SI во индустријата се зголемува, но секојдневната употреба е ограничена. Во Обединетото Кралство, префрлувањето на SI е официјална политика, но сеуште не е завршено. Земјите кои се уште употребуваат единици кои не се дел од SI (САД и Обединетото Кралство) ги имаат предефинирано овие единици преку единиците на SI.
Единиците за физички големини во даден систем од мерни единици се делат на основни и изведени. Меѓународниот систем (француски: Système International d'Unités - SI) што во Република Македонија е во употреба од 1981 година. Утврден на единаесеттата генерална конференција за мерки и тегови во 1960 година, тој има седум основни и две дополнителни големини и единици за кои што се смета дека во потполност ги карактеризираат нам познатите појави, а и материјата која можеме сетилно да ја восприемаме. Нивните симболи и имиња гласат:
SI основни единици | ||
---|---|---|
Име на ед. мерка | Симбол на eд. мерка | Име на физичка големина |
килограм | kg | Маса |
секунда | s | Време |
метар | m | Должина |
ампер | A | Јачина на елек. струја |
келвин | K | Температура |
мол | mol | Количество на супстанција |
кандела | cd | Светлински интензитет |
Од основните единици се изведуваат единиците на сите останати големини во физиката, применувајќи ги релациите кои ги поврзуваат соодветните големини.