ON AMAZON:



https://www.amazon.com/Voice-Desert-Valerio-Stefano-ebook/dp/B0CJLZ2QY5/



https://www.amazon.it/dp/B0CT9YL557

We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Кристофер Колумбо - Википедија

Кристофер Колумбо

Од Википедија, слободна енциклопедија

Роден во 1450, Кристофер Колумбо е прикажан во единствениот државно спонзориран потрет, насликан од Алехо Фернандез помеѓу 1505 и 1536. Фотографијата е направена од историчарот Мануел Роса.
Роден во 1450, Кристофер Колумбо е прикажан во единствениот државно спонзориран потрет, насликан од Алехо Фернандез помеѓу 1505 и 1536. Фотографијата е направена од историчарот Мануел Роса.

Кристофер Колумбо (италијански: Cristoforo Colombo) (1451 - 20 мај, 1506) бил истражувач и адмирал од Ѓенова, Италија, чии четири трансатлантски патувања во име на Шпанија (14921493, 14931496, 14981500 и 15021504) ја отвориле Америка за европско истражување и колонизирање.

Историски најзначајно е неговото прво патешествие во 1492 и покрај тоа што тој не стигнал до северноамериканското копно до неговиот трет пат во 1498. Колумбо не е првиот европски истражувач кој стигнал до Америка. Викиншкиот истражувач Лајф Ериксон стигнал до Северна Америка во 11 век, но патешествијата на Колумбо се случиле во клучно време на растечки национален империјализам и економски натпревар помеѓу првите национални држави кои во раниот развој барале богатство од зачетокот на трговските врски и колонии. Периодот пред 1492 се смета за претколумбовски, а годишнината од ова случување (Колумбов ден) се слави во САД и наоколу во светот.

Содржина

[уреди] Патувањата

[уреди] Првото патување

Првото патување
Првото патување
Реплика на Св. Марија
Реплика на Св. Марија
Колумбо во освојување на „Новиот Свет“, хромолитограф направен од Prang Education Company во 1893.
Колумбо во освојување на „Новиот Свет“, хромолитограф направен од Prang Education Company во 1893.

Вечерта на 3 август, 1492, Колумбо отпловил од Палос со три бродови, „Св. Марија“, „Ниња“, и „Пинта[1]. Бродовите биле во власништво на Хуан де ла Коса и браќата Пинзон (Мартин и Виченте Јањез), но монасите ги присилиле жителите на Палос да придонесат кон експедицијата. Колумбо најпрво допловил до Канарските Острови кои биле во власништво на Кастиља. Таму бродовите ги дополниле залихите и направиле поправки, а на 6 септември тргнале во петтонеделно патување преку Атлантскиот океан.

Според некои легенди, посадата била толку исплашена и тагувала за нивните домови да се заканила дека ќе отпловат назад кон Шпанија. И покрај тоа што вистината не се знае, сепак се верува дека морнарите се изјасниле во форма на жалби и сугестии.

По 29 денови без да видат копно, на 7 октомври, 1492 (запишано во бродскиот дневник), посадата приметила птици како летаат накај запад и веднаш го променила правецот за да ги следат птиците накај копното.

Копното било конечно забележано во 2 по полноќ на 12 октомври од морнарот Родриго де Триана (исто познат како Хуан Родригез Бермехо) на бродот „Пинта“.[2] Колумбо го нарекол островот „Сан Салвадор“ (денешните Бахами), и покрај тоа што домородците го нарекувале Гуанахани. Сеуште не се знае кој од бахамските острови бил островот на кој што Колумбо се истоварил. Претпоставките се Самана Ки, Плаја Ки, или Сан Салвадор кој во 1925 бил наречен така бидејќи се верувало дека токму тој бил островот на кој што Колумбо прв стапнал на копно. Домородците на кои што наишле, Лукајанците, Таините, или Араваките биле мирољубиви и пријателски расположени. Колумбо ги надгледувал домородците и како тие живееле.

Колумбо стигнал и до северно-источниот брег на Куба на 28 октомври а подоцна, на 5 декември и на северниот брег на Хиспањола. Таму, на утрото на Божиќ, 1492, „Св. Марија“ се насукал и бил напуштен. Колумбо бил пречекан од домородците кои му дале дозвола да остави некои членови на некогавата посада. Колумбо го основал градот „Ла Навидад“ и оставил таму 39 членови на неговата експедиција.

На 5 јануари, 1493, Колумбо запловил накај дома преку Азорите. Пловел низ силни ветришта и поминал низ силна олуја. Откако го напуштил островот Св. Марија во Азорите, Колумбо се упатил кон Шпанија, но, уште една олуја го принудила да се упати кон Лисабон. Се вкотвил веднаш до патролниот брод на кралот на 4 март, 1493 каде што дознал дека 100 бродови ги снемало во олујата. Кралот на Португалија, Жуао II не бил во Лисабон, па Колумбо му напишал писмо и чекал на одговор. Кралот побарал да се најдат во Вале до Параисо (северно од Лисабон). Некои историчари тврдат дека Колумбо намерно се истоварил во Португалија.

Португалија и Кастиља не биле во најдобри односи во тоа време. Колумбо отишол да се сретне со кралот во Вале до Параисо. Откако поминал една недела во Португалија, се упатил со брод накај Шпанија. Нековото пронаоѓање на ново копно брзо се прочуло низ Европа. Колумбо стигнал во Шпанија на 15 Март.

Во Шпанија Колумбо бил пречекан како херој. Таму на кралската фамилија им прикажал киднапирани домородци, злато кое што го нашол во новите територии, како и претходно непознатите тутун, ананас, мисирки, и најголемиот хит меѓу морнарите, хамокот. Колумбо не донел никакви зачини. Во неговиот дневник, Колумбо напишал дека во новите територии има многу „аји“, тип на пипер кој е повреден од црн пипер и е многу јаден од локалното население.

Во неговото прво патување, Колумбо ги посетил Сан Салвадор во Бахамите (за кои бил убеден дека се Јапонија), Куба (која мислел дека е Кина) и Хаити (каде што нашол злато).

[уреди] Второто патување

Второто патување
Второто патување

На 24 септември, 1493, адмиралот Колумбо тргнал од Кадиз, Шпанија со 17 бродови и посада од 1200 луѓе со цел да го конолонизира ново-октриениот регион.

[уреди] Третото патување и апсењето

Третото патување
Третото патување

На 30 мај, 1498, Колумбо тргнал за трет пат кон новиот свет. Овој пат зел шест бродови, а со него патувал и младиот Бартоломеј де Лас Касас. Бартоломеј подоцна ќе биде извор на делови на капетанските дневници на Колумбо.

[уреди] Четвртото патување

Четвртото патување
Четвртото патување

Колумбо патувал и по четврти пат со наводна цел да го пронајде патот до Индискиот Океан преку теснецот Малака.

[уреди] Македонецот во првото патување

Македонската имиграција започнала во Америка многу порано од почетокот на 20 век. Според информациите на овие книги македонската имиграција во Америка потекнува од времето на Колумбос. Во американската енциклопедија постои доказ дека првиот Македонец кој имигрирал бил Драган од Охрид, кој пловел заедно со Кристофер Колумбо. Имено, постојат две приказни за тоа. Првата приказна е дека Драган бил религиозен еретик кој избегнал прогон од Македонија кој потоа заминал за Шпанија. Подоцна бил откриен и бил осуден на смрт. Кристофер Колумбо го спасил Драган од смртната пресуда која требало да се изврши со спалување. Подоцна тој бил регрутиран за првото патување до Америка. Втората приказна тврди дека Драган заедно со својето семејство бил избркан од Охрид кога бил дете, веднаш кога Турците го окупирале градот. Целото семејство се преселило во Шпанија, каде Драган служел војска и станал омилен војник на кралот, и од каде подоцна отпловил заедно со Колумбо. Според оваа приказна, кога Драган се вратил во Европа, оформил своја експедиција и отпловил со својата посада до Венецуела.

Кога ги видел жителите како живеат над водата и во мочурливите предели, Венеција ја наименувал како „Венеција на земја”. Потоа тој заминал за Панама, станувајќи првиот бел човек што стапнал на таа почва. Без разлика дали е првата или втората приказна точна, сепак стои како факт дека Драган од Охрид е првиот Македонец што стапнал на американското копно.[се бара извор]

[уреди] Документи

Како што претходно беше споменато, Иван Мазов открил три документи од 15 век, во кои е споменато дека во првата експедиција на Колумбо имало и еден охриѓанец. Документите всушност претставуваат приватни писма напишани од француската грофица Мари-Мадлен Сан Жозеф де Поасон, која била современик на тие настани. Таа била сопруга на чешкиот кастелан Витаслав Галас, со кого во периодот од 1491 до 1509 година, престојувала на дворот на шпанските владетели Фердинанд и Изабела, т.е. на владетелите кои ги финансирале патувањата на Кристофер Колумбо за Америка. Мари-Мадлен Сан Жозеф де Поасон во тоа време се допишувала со својата братучетка од Париз, војвотката О'Конел. Како дворјанка на шпанскиот двор, грофицата Мари-Мадлен на својата братучетка ѝ пишувала за сето она што тогаш се случувало во Шпанија, вклучувајќи го и откривањето на Америка од страна на Колумбо. Во времето кога Иван Мазов го вршел своето истражување, писмата што ги пишувала грофицата Мари-Мадлен биле во сопственост на тогашниот жител на Чехословачка по име Крамарич.

Во три свои писма грофицата Мари-Мадлен пишува за некој морнар по име „Драхан да Лихнида”, кој бил член на екипажот на Колумбовиот брод „Пинта”. Всушност тој бил топџија на бродот. За прв пат грофицата го споменува „Драхан” во своето писмо од 25 април 1493 година. Во ова писмо таа најпрво пишува за почестите и за одликувањата што ги примил Колумбо (во писмото наречен Кристобал Колон, според шпанската варијанта на неговото име) за време на својот прием кај шпанските крал и кралица. Притоа Мари-Мадлен пишува: „Кралот и кралицата во Кала Анка го примија Кристобал Колон, кој се врати по 224-дневното најсмело пловење во историјата на човештвото и го засипаа со почести затоа што Кристобал Колон убедливо и сликовито го опиша и оцени своето големо пловење”. Во продолжение таа пишува дека Колумбо бил удостоен со титулата „Адмирал и вицекрал на новооткриените земји”. Потоа грофицата пишува дека таа и нејзиниот сопруг лично се запознале со Кристофер Колумбо во дворецот д'Акоста. Во врска со ова таа пишува: „Сите ние се распрашувавме за походот, за непознатите земји, а потоа и за морнарите што биле оставени во ла Испањола (Америка)”. Во своето писмо од 23 април 1493 година грофицата Мари-Мадлен пишува дека за време на нејзината средба со Кристофер Колумбо и со дел од членовите на неговиот екипаж, еден од присутните гости на шпанскиот двор го обвинил Колумбо поради тоа што оставил четириесетина свои морнари сами во туѓата земја (Америка). Дворјанинот го прашал Колумбо како можел да остави „грст бели луѓе во туѓа непозната земја”. На ова еден од офицерите на Колумбо по име Хуан де ла Коса му одговорил на загрижениот дворјанин : „Вие заборавате дека за Индијанците белите луѓе што ги оставивме претставуваат синови на небото, затоа што ние им покажавме дека можеме да владееме со громот и со огнот.” Поддршка на Колумбо дал и еден од кормиларите на неговата експедиција, кој рекол: „Адмиралот (Колумбо) го вооружи логорот со топови од 'Санта Марија' и го остави за нив да се грижи мојот морнар Драхан да Лихнида, еретик, албигоец, кој во Саламанка ќе беше изгорен на клада, ако не беше спасен од Колон (Колумбо). Самиот капетан Мартин Алфонсо го ценеше многу...”[се бара извор]

[уреди] Драган и Богомилите

Што може да се заклучи од овој извадок од писмото на грофицата Мари-Мадлен, т.е. од податоците што таа ги пренесува како сведок на тие судбоносни настани? Како прво, видовме дека еден од морнарите на Кристофер Колумбо се викал „Драхан да Лихнида”. Повеќе од јасно е дека станува збор за „Драган од Охрид”. Позната е практиката во шпанскиот јазик согласката „г” да се заменува со „х”. Значи, нема сомнение дека станува збор за македонското и општословенско име Драган. Понатаму, предлогот „да” значи „од”. Тогаш презимиња во денешна смисла на зборот не постоеле, туку за попрецизно детерминирање на личностите служело местото на нивното потекло, кое се додавало по личното име.[се бара извор] Конечно, „Лихнида” е стариот назив за Охрид, и град со такво име не постоел на друго место. Понатаму, видовме дека Драган бил опишан како „еретик”, кој за малку ќе бил изгорен на клада во Шпанија, доколку не бил спасен лично од страна на Кристофер Колумбо кој го земал во својата експедиција. Тешко е да се претпостави каков вид „еретик” бил Драган. Дали тој бил прогонуван поради својата можна православна вероисповед? Дали можеби бил еден вид наследник на богомилите? Тоа допрва треба да се истражува.

[уреди] Жител на првата населба во Америка

Претходно споменавме дека по својот прв престој на тлото на Америка, Кристофер Колумбо се вратил во Шпанија, оставајќи зад себе четириесетина свои морнари во логорот (утврдување) што го нарекол Ла Навидад. Практично тоа била првата европска населба на тлото на Америка. На обвинувањата против Колумбо за овој негов потег, упатени од страна на еден дворјанин од Шпанскиот двор видовме дека кормиларот на Колумбо застанал во негова одбрана при што рекол дека нема причина за страв затоа што логорот е обезбеден со топовите од бродот „Санта Марија” и дека за нив се грижи Драган од Лихнида. Ова значи дека жител на првата организирана европска населба во Америка бил и Македонецот Драган од Охрид. И не само тоа. Видовме дека тој бил главен во одбраната на оваа мала населба, т.е. сликовито кажано тој бил првиот човек на вооружените сили на првата европска населба во Америка. Ова значи и дека Драган бил човек од доверба на Колумбо, што е и разбирливо ако се знае дека Колумбо своевремено му го спасил животот. Од изјавата на кормиларот се гледа и дека Драган бил почитуван и од преостанатите морнари на експедицијата на Колумбо. Поради фактот што негова задача било да се грижи за одбраната на логорот со помош на топовите, може да се заклучи и дека Драган всушност бил топџија на бродот „Пинта”.[се бара извор] Претходно напишавме дека откако повторно дошол во Америка во 1493 година, Колумбо ги побарал своите морнари што ги оставил во логорот Ла Навидад. Но, таму не нашол никого, а логорот бил целосно уништен од Индијанците. Што се случило со морнарите што таму ги оставил Колумбо? Низ Интернет и низ други извори барав податоци за судбината на морнарите од логорот Ла Навидад. Сите автори на оние трудови што ги прегледав пишуваат дека сите морнари од овој логор (утврдување) загинале во борбата против Индијанците. Но, ниту еден од авторите не пишува од каде ги има добиено овие податоци, па веројатно авторите само претпоставуваат дека морнарите загинале, штом Колумбо не успеал да сретне ниту еден од нив за време на своето враќање во Ла Навидад. Меѓутоа, грофицата Мари-Мадлен и овојпат нуди податоци кои драстично можат да ја променат досега познатата историја за Кристофер Колумбо. Таа тврди дека двајца морнари го преживеале нападот на Индијанците и дека еден од нив бил токму Драган од Лихнида. Сето ова таа го напишала во своето писмо од 20 август 1496 година. Таа таму објаснува дека самата добила писмо од член на втората експедиција на Колумбо, опатот Лос Касос. Овој опат ѝ напишал на грофицата Мари-Мадлен дека тој лично разговарал со Индијанецот Каонабо, кој бил предводник на индијанскиот напад врз логорот Ла Навидад, а подоцна бил заробен од членовите на втората експедиција на Колумбо и бил доведен во Шпанија. Во Шпанија заробениот индијански водач Каонабо потврдил дека во жестоката битка за логорот, најголем дел од морнарите биле убиени, но дека двајца од нив се спасиле. На прашањето кои биле тие двајца, Индијанецот рекол дека едниот се викал Диего (всушност тоа бил лекарот Диего), а другиот го опишал со името „Големиот Аран”. Притоа рекол дека „Големиот Аран” имал „златна брада” и дека бил „господар” на „громот и молњата” со кои убил многу Индијанци. Од описот што го дал Индијанецот, на сите им станало јасно дека тоа бил токму Драган од Лихнида. Имено, токму тој одлично ракувал со огненото оружје (топовите), што се поклопува со зборовите на суеверниот Индијанец дека „Големиот Аран” бил „господар” на громот и на молњата. Индијанецот раскажувал и дека „Големиот Аран” (Драган) успеал да ликвидира повеќе Индијанци за време на нападот на логорот. Индијанецот уште раскажал дека Индијанците го сметале Драган за натприродно суштество, затоа што (цитат): „слегол од небото ... и ги потчинил под себе богот на молњата и на громот” (мислејќи на огненото оружје со кое дејствувал по Индијанците). Значи, од ова писмо на грофицата гледаме дека Драган бил висок човек (поради што го добил прекарот „големиот”) и дека имал руса брада (од Индијанецот опишана како „златна брада”).


[уреди] Бегство во Колумбија

Што се случило со Драган и со неговиот другар лекарот Диего по нападот на Индијанците и по нивното бегство од уништениот логор Ла Навидад? Звучи неверојатно, но грофицата успеала да дознае уште еден податок за нив, што го пишува во едно свое подоцнежно писмо, испратено од Кастилија. Во ова писмо таа ја пренесува изјавата на капетан Хуан Мартис, кој исто така престојувал во Америка и кој подоцна се вратил во Шпанија. Пред Судот во Шпанија овој капетан се заколнал дека сретнал двајца белци со свои жени и деца, од кои едниот се викал Диего, а другиот го викале „Големиот Аран”. Тој нив ги видел во близината на денешна Богота, Колумбија. Поради фактот што капетан Мартис ја споменува територијата на денешна Колумбија, може да се претпостави дека Мартис престојувал во Америка за време на третото патување на Колумбо во 1498 година. Тоа значи дека Драган од Охрид, не само што бил жив цели шест години по своето пристигнување во Америка, туку и дека веќе имал оформено свое семејство. Останува во доменот на следните истражувања да се види дали и денес постојат индијански легенди во средна и во јужна Америка за „Големиот Аран”, кој бил господар „на громот и на молњата”. Како и да е, нема сомнение дека Драган од Охрид имал голем авантуристички дух во себе. Интересно е и тоа што во списоците на морнарите што учествувале во експедицијата на Колумбо, направени подоцна од современи истражувачи врз основа на посредни сознанија (архивски истражувања и сл.) го нема името на „Драхан да Лихнида”, иако малку кој верува дека списокот на морнарите презентиран во разни истражувачки трудови е целосно автентичен (факт е дека од тоа време не постои целосен список на членовите на првата експедиција на Колумбо, иако постојат зачувани негови писма). Што се однесува до останатите членови на екипажот, спомнати во писмата на грофицата Мари-Мадлен, нивните имиња постојат во сите досега направени списоци на членови на екипажите на Колумбовите бродови.

[уреди] Извори

  • „Колекција на информации за историјата и културата на Македонија” - Џејмс Николоф
  • „Прошетка низ историјата” - Роберт Каплан
  • „Јужно-словенска имиграција во Америка” - Џорџ Прпик

[уреди] Референци

  1. Извори тврдат дека на бродовите никогаш официјално не им биле дадени имиња({факт})
  2. Клементс Р. Маркам, изд., Дневникот на Кристофер Колумбо (за време на Неговото Прво Патување, 1492-93), Лондон: Оптеството Хаклујт, 1893, стр. 35.

Static Wikipedia 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2006 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Sub-domains

CDRoms - Magnatune - Librivox - Liber Liber - Encyclopaedia Britannica - Project Gutenberg - Wikipedia 2008 - Wikipedia 2007 - Wikipedia 2006 -

Other Domains

https://www.classicistranieri.it - https://www.ebooksgratis.com - https://www.gutenbergaustralia.com - https://www.englishwikipedia.com - https://www.wikipediazim.com - https://www.wikisourcezim.com - https://www.projectgutenberg.net - https://www.projectgutenberg.es - https://www.radioascolto.com - https://www.debitoformtivo.it - https://www.wikipediaforschools.org - https://www.projectgutenbergzim.com