Луј Пастер
Од Википедија, слободна енциклопедија
Луј Пастер (француски: Louis Pasteur) е роден во Дол во 1822. Тој бил француски хемичар и биолог, кој во првите истражувања дошол до заклучок дека топлината ги уништува штетните бактерии и со тоа ја поставил основата на постапката за стерилизација при хируршките зафати, што во негова чест била наречена - пастеризација.
Утврдил дека ферментацијата била биолошки процес и ги побил дотогашните теории за спонтаната регенерација на микроорганизмите. Пастер го задолжил човештвото со откритието на вакцината против беснило, до која дошол по низа експерименти во 1895 година.