Нептун
Од Википедија, слободна енциклопедија
Нептун е осмата планета во нашиот сончев систем. Таа е четвртата најголема планета по дијаметар и трета по маса; Нептун има 17 пати поголема маса од Земјата и е нешто помасивен од блискиот Уран, кој има маса од 14 Земјини маси, но е нешто помал поради поголемата густина. Планетата е именувана по Нептун, римскиот бог на морето. Неговиот астрономски симбол (♆, Уникод U+2646) е стилизирана верзија од Посејдоновиот Трозабец. Најмногу се разликува по тоа што има елиптичен орбит.
Сината боја на Нептун доаќа од гасот метан. Метанот исто така, влијае врз бојата на Уран. Нептун е најветровита планета во нашиот Сончев Систем. Ветриштата кои дуваат со брзина од 2200 km на час дуваат од исток кон запад на планетата.