Портал:Република Македонија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Уметност · Биографија · Географија · Историја · Математика · Философија · Наука · Опшество · Технологија
Република Македонија или само Македонија е независна држава на Балканскиот полуостров во срцето на југоисточна Европа. Земјата се граничи со Србија на север, Албанија на запад, Грција на југ и Бугарија на исток. Во 2005, Република Македонија стана официјален кандидат за членство во Европската Унија. Главниот град на државата е Скопје со над 500,000 жители. Постојат и други значајни градови како Битола, Прилеп, Тетово, Куманово, Охрид, Велес, Штип и Струмица. Република Македонија често се нарекува земја на езера и планини. Во земјата постојат повеќе од 50 природни и вештачки езера и шеснаесет планински венци повисоки од 2000 метри надморска височина.
Република Македонија има богато културно наследство во сферата на уметноста, архитектурата, поезијата и музиката. Земјата има многу антички, заштитени религиозни наоѓалишта. Поетски, филмски и музички фестивали се одржуваат секоја година.
Македонските музички стилови се развиле под силно влијание на византиската црковна музика. Македонија им припаѓа на земјите со најдобро зачувани фрески, многу од кои датираат од периодот помеѓу 11-ти и 16-ти век. Постојат неколку илјади квадратни метри зачувани фрески, од кои најголемиот дел се во многу добра состојба и ги претставуваат ремек-делата на Македонската школа на црковно сликарство.
Во Македонија минатото се среќава со денешнината. Нејзината прастара архитектура во облик на манастири and цркви со инзвонредна убавина претставува интересен контраст со новата супермодерна архитектура. Речиси сите македонски манастири, изградени во различни периоди, а особено оние изградени помеѓу 11-тиот и 15-тиот-16-тиот век, денес се сосема зачувани. Македонската збирка на икони, особено охридската, е една од највредните збирки во светот денес. По Синајската и Московската збирка на икони, македонската збирка е трета по важност во рамките на православието. Од византолошки аспект пак, таа е уникатна.
Најважните културни настани во земјата се Охридско лето на класичната музика и драмата, Струшките вечери на поезијата кои ги привлекуваат поетите под повеќе од 50-тина земји ширум светот, Скопските Мајски оперски вечери, Интернационалниот филмски фестивал во Битола, Младиот отворен театар, Скопскиот џез фестивал и многу други.
Галичник е село во Република Македонија на планината Бистра, 10 км од Маврово.
Секое лето таму се слави православниот христијански празник Петровден и се одржува фестивалот Галичка свадба. Фестивалот се состои од традиционална македонска (галичка) свадба со прастари обичаи, традиционална музика и ора. Сите учесници носат традицинални носии и се мешаат со посетителите во селското средиште, во кое исто така има и амфитеатар.
... дека Република Македонија зафаќа само 40% од историскиот географски регион Македонија и дека остатокот од таа територија е во Грција, Бугарија и Албанија?
... дека првото знаме на независна Република Македонија било Сонцето од Кутлеш, историски симбол на Античките Македонски кралеви како Александар III Македонски и неговиот татко Филип II Македонски?
... дека главниот град Скопје е родниот град на големиот хуманитарец и Нобеловец мајка Тереза?
... Македонија е првата „безжична“ земја во светот, со тоа што 95% од жителите имаат пристап кон безжични бродбенд интернет услуги?
... дека мегалитската обсерваторија Кокино е постара од 3800 години и 4та по старост во светот според НАСА [1]
... најмалиот етнолошки музеј во светот е лоциран само 5 км северозападно од Тетово во живописното село Џепчиште и е ставен во Гинисовата книга на рекорди?
... за Камениот град, покрај селото Куклица во Кратовската област. Според изворите, мештаните ги нарекуваат камените фигури „кукли“ кои се стари околу 10 милиони години?
Во април 1997, Република Македонија им се придружила на Спогодбите на УНЕСКО, додека во јануари 2002, Македонија го ратификуваше нејзиното воздигање во Вториот протокол на Хашкиот договор (Зачувување на културно наследство во случај на вооружен конфликт, Хаг, 1954). Охридскиот регион ѝ припаѓа на листата на светско културно и природно богатство на УНЕСКО (од 1980), Македонија исто така е дел од долгорочната УНЕСКО-ва програма „Обединети училишта“ во рамките на УНЕСКО-вата програма за соларна енергија, во нејзината младинска мрежа, УНЕВОК, додека Галичката свадба чека номинација за ремек-дело на културното наследство на УНЕСКО. Во рамките на нејзината издавачка дејност, Репубила Македонија има презентирано монографија на Кочо Рацин и книга со поезија од Ацо Шопов во рамките на УНЕСКО-вите репрезентативни дела. Во 2003, еден од поголемите проекти беше имплементацијата на изложбата во Скопје наречена „Дијалози: македонски уметници на денешнината”, која се одржа од 7 март до 1 април во Миро-салата во главната зграда на УНЕСКО. На 14 април, 2003, оваа изложба беше отворена од Министерот за култура на Република Македонија, Господинот Благој Стефановски и генералниот директор на УНЕСКО, Коиширо Макура.
Димитар Андонов Папрадишки (1859-1954) е последниот македонски зограф, а воедно и првиот наш профан (нерелигиозен) сликар кој ги поставил темелите на западното сликарство во Македонија.
Сестраниот ангажман на Андонов и желбата да внесе аспекти од битовиот реализам, го донело македонското сликарство пред вратите на современиот начин на изразување. Профаното сликарство на Андонов се карактеризира предимно со изработка на голем број на портрети на јавни личности во кои тој се обидува освен ралниот момент да го вклучи и ликовно-естетскиот проблем (Детскиот портрет на Анѓелко Андонов - 1900/1901., портрет на Параскева Кранго - 1925/1926, Автопортрет - 1932, итн.). Во подоцнежната етапа од опусот на Андонов тој практикува и композиции со историска тематика (Смртта на Гоце Делчев, Богомилски поход итн.) но и битови теми (Селска свадба, Нишалка, Оро итн.). Иако делата се без поголеми ликовни прентензии сепак тие претставуваат една значајна нишка која недостасуваше во македонската национална уметност како премостувач на празнината помеѓу доцниот традиционализам и новиот дух на ликовната уметност во Македонија.
Димитар Андонов Папрадишки, во својот долг и плоден творечки живот насликал повеќе од 1200 икони за околу 100-тина цркви во Македонија и Србија, со што се смета за еден од најпродуктивните наши зографи. Воедно, неговиот ангажман и во профаното сликарство го издига на пидесталот како последен македонски зограф и прв современ сликар во поновата македонска уметност.
- Авиокомпании
- Весници
- Географија
- Градови
- Региони
- Етнички групи
- Згради и градби
- Споменици на културата
- Историја
- Јазици
- Култура
- Македонци
- Политика
- Спорт
Австрија • Белгија • Бугарија • Германија • Грција • Данска • Естонија • Ирска • Италија • Кипар • Латвија • Литванија • Луксембург • Малта • Обединето Кралство • Полска • Португалија • Романија • Словачка • Словенија • Унгарија • Финска • Франција • Холандија • Чешка • Шпанија • Шведска
Земји кандидати во преговори: Турција • Хрватска
Земја кандидат: Република Македонија
Потенцијални земји кандидати: Албанија • Босна и Херцеговина • Србија • Црна Гора