Украински јазик
Од Википедија, слободна енциклопедија
Украински јазик (Українська мова) | |
---|---|
Се говори во: | Украина, Русија, Белорусија, Молдавија, Бразил, Казахстан, САД, Канада, Унгарија, Португалија |
Реон: | Источна Европа |
Општ број на говорници: | ~ 39.4 милиони |
Рангирање по општ број на говорници: | 26 |
Класификација: | Индоевропски Словенски |
Официјална положба | |
Официјален јазик: | Украина |
Контролиран од: | Народна Академија за Науки на Украина |
Јазични кодови: | |
ISO 639-1 | uk |
ISO 639—2 | ukr |
SIL | ukr |
Украинскиот јазик (украї́нська мо́ва, ukrayins'ka mova, [ukraˈjinsʲka ˈmɔva]) е јазик од источнословенската подгрупа на словенските јазици. Тој е официјален јазик на Украина. Украинскиот јазик ја користи кириличната азбука. Тој има некои сличности во речникот со јазиците од соседните словенски нации, највеќе со белорускиот, полскиот, рускиот и словачкиот јазик.
Украинскиот јазик потекнува од стариот источнословенски јазик од античката држава Киевска Русија. Јазикот опстојал и покрај двете забрани за негова употреба од Империјална Русија и политичките притисоци за време на доцниот деветнаесетти и раниот дваести век. Преживувањето на украинскиот јазик од овие препреки главно се должи на неговата широка употреба од Украинците, како и поради работата на поетите како Тарас Шевченко и Лесја Украинка.