Енциклопедија
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Енциклопедија е пишана збирка на знаење. Поимот доаѓа од грчки εγκύκλιος παιδεία (enkuklios pedia), буквално „во круг на инструкции“, или поопшто „добро обликувано образование“. Многу енциклопедии во странската литература се нарекуваат Циклопедија и поимите се интерменливи.
Енциклопедиите можат да бидат општи, содржејќи статии на теми во многу различни полиња (како англиската Енциклопедија Британика и германската Брокхаус, два познати примери), но можат да бидат и специфични за одредено поле (како енциклопедија во медицина, философија, или право). Исто така постојат енциклопедии што покриваат широк спектар на теми од различни културни, етнички, или национални перспективи, како Големата Советска Енциклопедија или Енциклопедија Јудеика.