Кобалт
Од Википедија, слободна енциклопедија
Кобалтот е цврст, сјаен, сребреносив метал, односно хемиски елемент со симбол Co. Тој се наоѓа во различни руди и се користи за подготовка на магнетни и многу силни легури. Неговите соединенија се употребуваат за производство на мастило, бои и лакови.
Содржина |
[уреди] Поважни карактеристики
Кобалтот е феромагнетик со атомски број 27. Тој често се спомнува заедно со никелот и двајцата се карактеристични состојки на метеорското железо. На цицачите им се потребни мали количества на кобалтни соли. Кобалт-60, радиоактивен изотоп на кобалтот, е важен индикатор на радиоактивност и антиканцероген агент. Кобалтот има релативна пропусливост поголема за две третини од таа на железото. Металниот кобалт најчесто претставува мешавина на две кристалографски структури.
Најчести оксидациони броеви на кобалтот се +2 и +3, иако постои и +1.
[уреди] Употреба во медицината
Кобалт-60 (Co-60 или 60Co) е радиоактивен метал кој се користи при радијационата терапија. Произведува два гама зраци со енергии од 1,17 MeV и 1,33 MeV. Изворниот 60Co е околу 2 cm во дијаметар и како резултат на тоа произведува геометриска пенумбра, правејќи го работ на радијационото поле нејасен. Металот создава фин прав кој предизвикува проблеми со радијационата заштита. Изворниот 60Co е корисен за околу 5 години, но и по ова е сè уште радиоактивен.
[уреди] Биолошка улога
Во мали количества, кобалтот е есенцијален за многу живи организми, вклучувајќи ги и луѓето. Со 0,13 до 0,30 mg/kg кобалт во почвите, забележливо се подобрува здравјето на тревојадните животни. Кобалтот е централна состојка на витаминот кобаламин, односно витамин B-12.
[уреди] Наоѓање
Кобалтот не се наоѓа како слободен метал, а се наоѓа во форма на руда. Тој најчесто не се ископува сам, туку и со други руди и тежнее да се произведува како спореден продукт од рударските активности со никел и бакар. Главни кобалтни руди се кобалтит, еритрит, главкодот и скутерудит. Најголеми произведувачи на кобалт во светот се Демократска Република Конго, Кина, Замбија, Русија и Австралија. Исто така, кобалт се наоѓа и во Финска, Азербејџан и Казахстан.
[уреди] Соединенија
Постои голема разновидност кај соединенијата на кобалтот. Оксидационите броеви +2 и +3 се најчести, но, како и да е, комплексите од типот кобалт(I) се исто така доста чести. Солите на кобалт(II) го образуваат црвено-розеникавиот [Co(OH2)6]2+ комплекс во водни раствори. Додавањето на вишок хлориди ќе ја промени неговата боја од розева во сина, како резултат на образувањето на [CoCl4]2-. Кобалтните оксиди се антиферомагнетични при ниски температури: CoO (на 291 K) и Co3O4 (на 40 К).
Хемија > Хемиски елемент > H - He - Li - Be - B - C - N - O - F - Ne - Na - Mg - Al - Si - P - S - Cl - Ar - K - Ca - Sc - Ti - V - Cr - Mn - Fe - Co - Ni - Cu - Zn - Ga - Ge - As - Se - Br - Kr - Rb - Sr - Y - Zr - Nb - Mo - Tc - Ru - Rh - Pd - Ag - Cd - In - Sn - Sb - Te - I - Xe - Cs - Ba - La - Ce - Pr - Nd - Pm - Sm - Eu - Gd - Tb - Dy - Ho - Er - Tm - Yb - Lu - Hf - Ta - W - Re - Os - Ir - Pt - Au - Hg - Tl - Pb - Bi - Po - At - Rn - Fr - Ra - Ac - Th - Pa - U - Np - Pu - Am - Cm - Bk - Cf - Es - Fm - Md - No - Lr - Rf - Db - Sg - Bh - Hs - Mt - Ds - Rg - Uub - Uut - Uuq - Uup - Uuh - Uus - Uuo
|