Аргон
Од Википедија, слободна енциклопедија
Хемија > Хемиски елемент > H - He - Li - Be - B - C - N - O - F - Ne - Na - Mg - Al - Si - P - S - Cl - Ar - K - Ca - Sc - Ti - V - Cr - Mn - Fe - Co - Ni - Cu - Zn - Ga - Ge - As - Se - Br - Kr - Rb - Sr - Y - Zr - Nb - Mo - Tc - Ru - Rh - Pd - Ag - Cd - In - Sn - Sb - Te - I - Xe - Cs - Ba - La - Ce - Pr - Nd - Pm - Sm - Eu - Gd - Tb - Dy - Ho - Er - Tm - Yb - Lu - Hf - Ta - W - Re - Os - Ir - Pt - Au - Hg - Tl - Pb - Bi - Po - At - Rn - Fr - Ra - Ac - Th - Pa - U - Np - Pu - Am - Cm - Bk - Cf - Es - Fm - Md - No - Lr - Rf - Db - Sg - Bh - Hs - Mt - Ds - Rg - Uub - Uut - Uuq - Uup - Uuh - Uus - Uuo
|
Аргон е хемиски елемент со симбол Ar. Аргонот има атомски број 18 и е третиот елемент во групата 18 од периодниот систем (припаѓа на благородните гасови). Аргонот е присутен во Земјината атмосфера малку помалку од 1%, правејќи го најзастапениот инертен гас на Земјата.
[уреди] Поважни карактеристики
Аргонот и кислородот имаат приближно иста растворливост во вода и се 2,5 пати порастворливи во вода отколку азотот. Овој високостабилен елемент е безбоен, без мирис и без вкус, како и нетоксичен во двете свои агрегатни состојби - како течност и како гас. Аргонот е инертен под повеќето услови и не образува потврдени стабилни хемиски соединенија при собна температура. Образувањето на аргон хидрофлуорид (HArF), метастабилно соединение на аргонот со флуорот и водородот, било за прв пат пријавено од истражувачите при Универзитетот на Хелсинки во 2000 година.
Иако неутралните хемиски соединенија на аргонот се ограничени на HArF, аргонот може да образува клатрати со водените молекули кога неговите атоми се заробени од водата. Исто така, добро познати се и јоните кои содржат аргон, на пример ArH+, како и ексцитираните комплекси, на пример ArF. Теоретските пресметувања со компјутери покажале неколку аргонски соединенија кои би требало да се стабилни, но за кои не се познати синтетски патишта.
[уреди] Агрегатна состојба
гас | течност | цврста супстанца |
---|---|---|
смртоносен | смртоносен | смртоносен |
супер смртоносен | супер смртоносен | супер смртоносен |
[уреди] Употреба
Аргонот се користи во инкадесцентното осветлување и другите апликации во кои двоатомскиот азот не е доволно инертен. Аргонот нема да реагира со филаментот на светилките дури и при високи температури.