Цинк
Од Википедија, слободна енциклопедија
Цинкот е хемиски елемент во периодниот систем кој го има симболот Zn и атомскиот број 30.
Содржина |
[уреди] Поважни карактеристики
Цинкот е средно реактивен синобел метал кој ја губи бојата на влажен воздух и согорува во истиот со светлозеленикав пламен, давајќи цинк оксид. Тој реагира со киселини и бази и други неметали. Доколку не е целосно чист, цинкот реагира со разредени киселини при што ослободува водород. Еден најчест оксидационен број на цинкот е +2. Од 100 °C до 210 °C, цинковиот метал е ковлив и може лесно да се обликува во најразлични форми. Над 210 °C, металот постанува кршлив и ќе се претвори во прав со силно удирање.
[уреди] Биолошка улога
Цинкот е есенцијален елемент, потребен за одржување на сиот живот на Земјата. Проценето е дека 3000 од стотици илјади протеини во чевековото тело содржат цинкова простетична група. Исто така, постојат околу десетина типови на клетки во човековото тело кои секретираат цинкови јони, чиишто улоги моментално активно се истражуваат во медицината. Интригирачки, мозочните клетки во предниот мозок на цицачите се всушност еден тип на клетки кои секретираат цинк меѓу другите невронски "месенџер" супстанци. Клетките во плунковните жлезди, простатата, имуниот систем и цревата се други типови кои секретираат цинкови јони.
Цинкот е активатор на одредени ензими, како што е јаглеродната анхидраза. Таа е важна при транспортот на јаглерод диоксидот во крвта на 'рбетниците. Овој елемент е исто така потребен и на растенијата, каде учествува во образувањето на листот, синтезата на растителниот хормон ауксин и анаеробното дишење (алкохолна ферментација).
[уреди] Токсичност на цинкот
Иако цинкот е есенцијална потреба за здравото тело, премногу цинк може да штети. Преголемата апсорпција на цинкот може да ја стопира апсорпцијата на бакарот и железото. Слободниот цинков јон во раствор e високо токсичен за растенијата, без'рбетниците и дури и за коскените риби. Покажано е дека само микромоларни количини на слободниот јон можат да убијат некои организми. Еден пример покажал дека 6 микромоларна колилина на слободен цинков јон убива 93% од сите дафнии во водата. Токсичноста на цинкот е фатална и за кучињата, каде предизвикува хемолитичка анемија.
[уреди] Имун систем
Цинковите соли се ефективни против патогени состојки (антигени) при директна употреба. Гастроинтестиналните инфекции се исто така под силно влијание од ингестијата на цинк и овој ефект може да биде како резултат на директна антимикробна акција на цинковите јони во дигестивниот тракт, или како резултат на апсорпцијата на цинкот и повторното ослободување од имуните клетки (сите гранулоцити секретираат цинк), или, пак, двете.
Директниот ефект на цинкот на бактерии и вируси е исто така голем и се користи уште од 2000 година п.н.е., од кога се документирани цинковите соли во палиативни мелеми. Но, методот како точно да се доведат цинкови соли против патогени без притоа да се повреди сопственото ткиво сè уште се истражува.
[уреди] Наоѓање
Цинкот е 23-иот најзастапен елемент во Земјината кора. Најископуваните руди (како сфалеритот) имаат околу 10% железо, како и околу 40-50% цинк. Минералите од кои се екстрахира цинкот се сфалеритот (цинк сулфид), смитзонитот (цинк карбонат), хемиморфитот (цинк силикат) и франклинитот.
[уреди] Соединенија
Цинк оксид е можеби најпознатото и најупотребуваното цинково соединение, бидејќи е добра основа за белите пигменти во бојата. Тоа наоѓа и индустриска примена во индустријата за гуми. Голем број на други цинкови соединенија имаат индустриска примена, како цинк хлоридот (во дезодорансите), цинк сулфидот (во луминисцентните бои) и цинк метилот или цинк диетилот во органската лабораторија. Грубо кажано, околу една четвртина од вкупната произведувачка на цинк се конзумира во форма на цинкови соединенија.
Хемија > Хемиски елемент > H - He - Li - Be - B - C - N - O - F - Ne - Na - Mg - Al - Si - P - S - Cl - Ar - K - Ca - Sc - Ti - V - Cr - Mn - Fe - Co - Ni - Cu - Zn - Ga - Ge - As - Se - Br - Kr - Rb - Sr - Y - Zr - Nb - Mo - Tc - Ru - Rh - Pd - Ag - Cd - In - Sn - Sb - Te - I - Xe - Cs - Ba - La - Ce - Pr - Nd - Pm - Sm - Eu - Gd - Tb - Dy - Ho - Er - Tm - Yb - Lu - Hf - Ta - W - Re - Os - Ir - Pt - Au - Hg - Tl - Pb - Bi - Po - At - Rn - Fr - Ra - Ac - Th - Pa - U - Np - Pu - Am - Cm - Bk - Cf - Es - Fm - Md - No - Lr - Rf - Db - Sg - Bh - Hs - Mt - Ds - Rg - Uub - Uut - Uuq - Uup - Uuh - Uus - Uuo
|