Неон
Од Википедија, слободна енциклопедија
Неон (грчки νέος што значи "нов") е хемискиот елемент во периодниот систем со симболот Ne и атомскиот број 10. Како безбоен, речиси инертен благороден гас, неонот дава посебна црвеникава светлина кога се користи во вакуумските разелектризирани цевки и неонските лампи. Тој се наоѓа во трагови во воздухот. Неонот е најсветлиот благороден гас.
Содржина |
[уреди] Примена
Црвенкасто-портокаловата боја која неонот ја емитува кај неонските лампи се користи за правење на неонски знаци. Зборот "неон" исто така се користи и како генеричко име за овие типови на светла, иако се користат многу други гасови за да се произведат различни бои на светлината. Други примени:
- вакуумски цевки
- високоволтажни индикатори
- телевизиски цевки
- неонот и хелиумот се користат за производство на еден вид гасен ласер
- во ладилниците.
[уреди] Историја
Неонот бил откриен од шкотскиот хемичар Вилијам Ремзи и англискиот хемичар Морис Траверс во 1898 година.
[уреди] Наоѓање
Неонот е едноатомен гас при стандардни услови. Неонот е редок, а се наоѓа во Земјината атмосфера како еден дел на секои 65,000 и индустриски се добива со криогена фракциона дестилација на втечнет воздух.
[уреди] Соединенија
Јоните Ne+, (NeAr)+, (NeH)+ и (HeNe+) се откриени при оптички и масено спектрометриски истражувања. Неонот образува и нестабилни хидрати.
Хемија > Хемиски елемент > H - He - Li - Be - B - C - N - O - F - Ne - Na - Mg - Al - Si - P - S - Cl - Ar - K - Ca - Sc - Ti - V - Cr - Mn - Fe - Co - Ni - Cu - Zn - Ga - Ge - As - Se - Br - Kr - Rb - Sr - Y - Zr - Nb - Mo - Tc - Ru - Rh - Pd - Ag - Cd - In - Sn - Sb - Te - I - Xe - Cs - Ba - La - Ce - Pr - Nd - Pm - Sm - Eu - Gd - Tb - Dy - Ho - Er - Tm - Yb - Lu - Hf - Ta - W - Re - Os - Ir - Pt - Au - Hg - Tl - Pb - Bi - Po - At - Rn - Fr - Ra - Ac - Th - Pa - U - Np - Pu - Am - Cm - Bk - Cf - Es - Fm - Md - No - Lr - Rf - Db - Sg - Bh - Hs - Mt - Ds - Rg - Uub - Uut - Uuq - Uup - Uuh - Uus - Uuo
|