Историја
Од Википедија, слободна енциклопедија
Историја е поим што означува информација за минатото. Кога се користи како име за поле на студии, „историја“ се однесува на изучување и објаснување на минатото на човечките општества. Поимот „историја“ потекнува од грчкиот збор "ιστορία" или historia, и ја дели истата етимологија со англискиот збор story (приказна). Во поширока смисла на зборот, историја е се што се случило, како во човечкиот живот, така и во природниот свет.
Содржина |
[уреди] Историски извори
Историчарите добиваат податоци за минатото од различени извори, како што се пишаните или печатените, монети и други артефакти, градби и споменици, како и преданија. Се што се случило пред забележаната историја се означува како праисторија.
[уреди] Поделба по периоди
[уреди] Праисторија
- првобитно општество - од појавата на човекот до изумот на првите орудија.
- праисторија, периодот пред појавата на пишаните докумнети го делиме на:
- постаро камено време или палеолит ( - до 35.000 пр. не.)
- средно камено време или мезолит (35.000 пр.не. - до 10.000 пр. не. )
- младо камено време или неолит (10.000 пр. не. - до 3.000 пр. не.)
- бакарно време, бронзано време и железно време (8.000 пр. не. - до 750 пр. не.)
- варварско време, во општествените односи превладува родовско-племенско уредување
[уреди] Историја (од појава на писмото)
- стар век - појава на писмо, стариот век се дели според културите чии траѓи се зачувани до денес (3.500 пр. не. - V век)
- Народи na Месопотамијa
- Средоземна Азија
- Далечен Исток
- Иранска висорамнина
- Египет - Листа на фараони
- Античка Грција
- Античка Македонија
-
- Рим - Антички Рим
- среден век - после падот на Западното Римско царство во Европа започнува среден век.
Средниот век се дели на:
-
- Ран среден век - од Јустинијан I до Крстоносните војни
- Доцен среден век - Од Крстоносните војни до средината или крајот на XV век.
Средниот век може да се подели и според уметничките правци; во општествените односи преовладува феудализмот
-
- предроманика (X век)
- романика (XI и XII век)
- готика (XIII и XIV век)
-
- Новиот век започнал со Колумбовото откривање на Америка во 1492 год.; во општествените односи се појавува капитализмот.
На полето на уметноста Новиот век се дели на:
-
- ренесанса
- барок
- класицизам и просветителство
- модерно време - време на денешницата, се смета дека почнало по Првата светска војна во 1918 год.
[уреди] Посебни истории
[уреди] Историја на области или народи
Историја се може да се проучува според областити или народи:
[уреди] Историја на Европа
- Историја на македонскиот народ
- Античка Македонија
- Филип II Македонски
- Александар Македонски
- Историја на Аргеадите
- Римска Империја
- Византија
- Француска Револуција
- Прва Светска војна (1914-1918)
- Втора Светска војна (1939-1945)
- Студена војна
- Југославија
[уреди] Историја на Северна и Јужна Америка
- Џорџ Вашингтон
- Американска граѓанска војна (1861-1865)
- Абрахам Линколн
- Војната за независност во Северна Америка и создавање на С.А.Д.
[уреди] Историја на Азија
- Кинески династии
- Кинеска граѓанска војна (1926-1949)