Мекленбург-Западна Померанија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Цивилно знаме | |
---|---|
Државно знаме | |
Статистика | |
Главен град: | Шверин |
Површина: | 23,170 km² |
Жители: | 1,790,000 (2001) |
Густина на насел.: | 77 луѓе/km² |
Веб-сајт: | http://www.m-v.de/ |
ISO 3166-2: | DE-MV |
Политика | |
Премиер: | Хералд Рингштроф (СДП) |
Владеачка партија: | СДП/ПДС коалиција |
Мапа | |
Мекленбург-Западна Померанија (Германски: Mecklenburg-Vorpommern) е сојузна покраина (или држава, односно Bundesland) во североисточна Германија.
Покраината зафаќа површина од 23,170 km², но има само 1.7 милиони жители, како резултат на што оваа држава спаѓа меѓу оние со најниска густина на населението. Плажите на Балтичкото Море и островите, како и многуте езера во внатрешноста, привлекуваат многу туристи секоја година. Постојат два универзитети и неколку факултети за применети науки.
Најголеми градови се Рошток, Шверин, Нојбранденбург, Штралсунд, Визмар и Грајфсвалд. Сите имаат помалку од 200,000 жители.
Содржина |
[уреди] Историја
Старата Померанија (Pommern), која се состои од градот Шќеќин (Штетин, односно Stettin) и земјата источно од реката Одра (Hinterpommern), сега е дел од Полска. Западна Померанија (Vorpommern) била под шведска контрола од Вестфалскиот Мир во 1648 година до анексијата со Прусија во 1720 и 1815.
Мекленбург, на запад од Западна Померанија, постанал војводство во 1348, но бил поделен од XVII-от век до 1934. Државите Мекленбург-Шверин и Мекленбург-Стрелиц постанале војводства во 1815, но била воспоставена републиканска влада во 1918. Тие биле кратко споени со Западна Померанија во 1947–1952 година и се дел од денешната држава од германската реунификација во 1990. Помеѓу 1952 и 1990, Мекленбург-Западна Померанија била разделена на три области (Bezirke): Oбласт Рошток, Област Шверин и Област Нојбранденбург, именувани по главните градови. Овие градови биле под раководство на централистичката влада на ДРГ.
[уреди] Географија
Шеста по големина по површина, но само тринаесетта по население меѓу шеснаесетте германски држави, Мекленбург-Западна Померанија се граничи со Балтичкото Море на север, Шлезвиг-Холштајн на запад, Долна Саксонија на југоисток, Бранденбург на југ и со Полска на исток. Нејзиното административно седиште е Шверин, но балтичкото пристаниште Рошток е двојно понаселено. Брегот на Балтичкото Море содржи неколку острови, меѓу кои и најголемиот германски остров Руген, потоа Хиденсее, Узедом и Поел.
[уреди] Административна поделба
Мекленбург-Западна Померанија е поделена на дванаесет Kreise (области):
|
|
Исто така, постојат и шест независни градови кои не припаѓаат на ниту една област:
- Грајфсвалд
- Нојбранденбург
- Рошток
- Шверин
- Штралсунд
- Визмар
На декември 2003 година, беше започната втората административна реформа, која ќе ја организира сојузната држава во пет области до 2008. Додатно на поголемата територија, областите ќе добијат и некои одговорности од централната влада. Епилогот на новите области не е довршен сеуште.
[уреди] Надворешни врски
- Официјален веб-сајт, на германски
- Евангелистичко-Лутеранска Црква на Мекленбург, на германски
[уреди] Туристички врски
- Регионална Туристичка Табла, на неколку јазици
- Источноморска земја - Туристички сајт, на неколку јазици
|
|||
Баварија | Баден-Виртемберг | Берлин | Бранденбург | Бремен | Долна Саксонија | Мекленбург-Западна Померанија | Северна Рајна-Вестфалија | Рајнска област-Пфалц | Саксонија | Саксонија-Анхалт | Сар | Тирингија | Хамбург | Хесен | Шлезвиг-Холштајн |