Ноам Чомски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ноам Чомски (роден на 7 декември 1928 во Филаделфија) е американски лингвист и политички активист. Во 1949 година дипломира на Универзитетот на Пенсилванија, во 1951 магистрира, а во 1955 година стана доктор на науки од областа на лингвистиката. Истата година почна да предава лингвистика на еден од најпрестижните универзитети во САД, МИТ универзитетот во Бостон. Неговата теорија за универзалната генеративна граматика му донесе бројни признанија во лингвистичките кругови при што поради неговите заслуги на ова поле е наречен “Ајнштајн на лингвистиката”.
Виетнамската војна го натера политички да се активира. Во 1966 година ја објави својата статија “Одговорноста на интелектуалците” која предизвика многу реакции, а во 1967 година беше еден од многуте што беа затворени поради учество на една демонстрација пред Пентагон и Департментот за правда. Оттогаш, Чомски е без прекин политички активен, стекнувајќи глас на еден од најпродорните критичари на надворешната политика на САД. По политичко убедување е анархист, но за разлика од мнозинството анархисти не е против членството во политички партии и е член на Демократските социјалисти на Америка.
[уреди] Творештво
Ноам Чомски е автор на голем број дела од областа на лингвистиката, надворешната политика и медиумите:
- “Американската моќ и новите мандарини” (1967),
- “Логичката структура на лингвистичката теорија” (1975),
- “Политичка економија на човековите права” (во коавторство со Едвард Херман, 1979),
- “Произведување согласност (во коавторство со Херман, 1988),
- “Нужни илузии” (1989),
- “Одвраќање на демократијата” (1991),
- “Профитот пред луѓето” (1999),
- “Нов милитаристички хуманизам” (1999),
- “9.11.” (2001)
- „Хегемонија или опстанок“ (2003).