Средниот век во Македонија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Серијал: | |
---|---|
Праисториска Македонија | |
Античка Македонија | |
Римска Македонија | |
Средновековна Македонија | |
Македонија во Отоманската империја | |
Создавање на македонската нација | |
Народно-ослободителна борба | |
Социјалистичка Република Македонија | |
Република Македонија | |
Теми | |
Македонски јазик | Македонска книжевност |
Македонска култура | Македонци |
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Содржина |
[уреди] Македонија во раното средновековие
Македонскиот народ почнува да се оформува како посебен етникум уште во раното средновековие од два носечки столба: античкото домородно македонско население и од Словените, со нивна фузија во еден етнос[се бара извор] . Првите византиски документи, македонските Словени ги опишуваат како народ кој е домороден, а не доселен во Македонија[се бара извор]. Еден од најстарите историски извори за македонските Словени е „Животот на Св. Димитрија Солунски“ од 6-от век, каде македонските племиња се прикажани како имаат свои кнежевства, потчинети на византискиот Император и своја локална самоуправа на чело со жупани. Од истиот извор дознаваме и кои се најголемите словениски племиња - Драговити, Сагудати, Велегезити, Бенити, Брсјаци.
Античките Македонци опстанале, па поради заедничката религија, а со тоа и култура на античкито домородно македонско население и словените, настанала фузирање во еден етникум[се бара извор]. Доказ за тоа е и Солун, градот кој беше најголемо византиско упориште, но целосно словенизиран, каде сите негови жители збореле чисто словенски. Во најстарото „Житие на Св. Методиј“ од 9 век целосно се пренесени зборовите на Михаил Трети (византиски император) упатени до Светите Браќа Солунски: „...вие сте Солуњани, а сите Солуњани чисто словенски зборуваат”.
Византискиот Император, Константин Порфиногенет вели: „цела Македонија и скоро цел Пелопонес се словенизирани“ (Ibid; p.86). Значи, денешните Хелени, можат да полагаат право на континуитет со античките Хелени како и денешниве Македонци со античките Македонци. Историските факти велат дека и цела Елада била словенизирана со исти словенски племиња како и македонските. Само во источна Грција (Хелас) останале џепови со автохтоно грчко-ромејско население (1). Не само Хелада, туку и Епир и Тесалија во 8 век биле целосно словенизирани (2). Имаме запис дека само грците од Елада поради аварословенските напади, се иселиле од Хелада (Пелопонес) на блиските острови (3).
Веќе во втората деценија 7 век, во Македонија имаме создавање на примитивна државна формација, составена од обединетите македонски склавинии, кои дури имале и свој крал (рекс) Хатсон на чело на државата [1]. За жал, Византијците го убиваат Хатсон и македонската држава без лидер пропаѓа. Педесет години подоцна, во 70те години од 7от век, македонските склавинии прават нов обид за обединување т.е. форирање на држава; овој пат, крал (рекс) на обединетите македонски склавении е Пребонд, но пак Византија го уништува Пребонда и Македонија потпаѓа под Византиска т.е. Ромејска власт [2]. Во 9 век хрониката на Теофанес Конфесор спомнува посебна држава „Склавиниа“ во периодот 657-658 г. на просторот на етничка Македонија [3]. Тогаш имаме постоење на посебна словенска држава на територијата на Македонија, но во 658 г. византискиот император Констанс Втори ја уништува Склавинија и пак хрониката на Теофанес Конфесор потоа спомнува само склавинии, но не и држава Склавинија [4].
Македонија е земјата каде што настанале првите букви и книжевни дела на Старословенски јазик, јазикот кој стана основа на сите словенски јазици и до ден денешен се служи по православните храмови низ словенските земји, од Македонија па се до рускиот далечен исток. Од словенската книжнина за Македонија од средниот век, дознаваме многу детали за етникумот кој ја населувал Македонија. Не постои ниту еден Македонец во средниот век кој се декларирал како Бугарин или пак како Србин[се бара извор]. Во “Пофалното Слово за Св. Кирил”, за кое се мисли дека е напишано од самиот Св. Климент, стои дека народот кој ја населувал Македонија е словенски или како што таму стои: „многуплодниот народ словенски“ (Извор: „Пофално Слово за Св. Кирил“, Панонски Легенди од Црноризец Храбар, крај на 9ти или почеток на 10ти век). Црноризец Храбар во истите Панонски Легенди, во “Житието Методиево” вели дека „сите солунчани чисто словенски зборуваат“. Во Житието на Св. Наум Охридски, напишано по смртта на Св Наум, од перото на анонимен ученик на Св Климент, во 10от век, пак се зборува само за Словени и за никоја друга народност во Македонија. Подоцна, Македонците не би можеле да станат Бугари оти потпаѓаат под византиска власт во почетокот на 11 век, а подоцна под српска.
Македонците во 10 век имале и своја посебна црковна организација, во времето кога Бугарите веќе имаат оформена бугарска канонски призната Црква, и покрај тоа што северна и центрлна Македонија биле окупирана од бугарската држава. Во Житието на Св. Наум Охридски се зборува за „епископ Словенски“ Марко, четврт епископ на Словените од Девол, што јасно кажува дека средновековните Македонци имале религиска автономија, како посебен етникум во рамките на средновековна Бугарија од 10 век (Извор: „Житието на Св. Наум Охридски“, „Спомен за нашиот преподобен отец Наум“, 10 век, Охрид).
Впрочем, во целата средновековната книжнина од Македонија никогаш не се спомнуваат верски лидери од соседните народи, како бугарските или византиските патријарси, но се спомнуваат само државните лидери на окупаторите на македонската земја[се бара извор], бугарскиот и византискиот император. Сите средновековни автори од Македонија, обично, своето пишано дело го завршуваат со годината, името на политичкиот и верскиот лидер (по духовната традиција се пишува и името на нивниот верскипастир) кога е завршено делото или пак настанот што е опишан; како нивен верски пастир секогаш се опишани охридските словенски епископи[се бара извор].
[уреди] Извори
„Животот на Св. Димитрија Солунски“
- „Evocatis ex tota provincia principibus (жупани) conventum habuit“; извор:Livius XLV. 29
- „Sclavenorum gens numero infinito ex Dragobitas, Sagodatis, Belegeretis, Baenitis, Berzitis, reliquisque, quae primum uno ex ligno naves praeparare diciderant“
„Житие на Св. Методиј“ „...вие сте Солуњани, а сите Солуњани чисто словенски зборуваат”.
1. (Macedonia and Greece - The Struggle to Define a New Balkan Nation, John Shea, McFarland and Company Inc., North Carolina, 1997; p.86 )
2.(Strabonos Epithomatus 8 век, C. Muller, Geographi graeci minores, Paris 1882, p.574)
3. (On the Chronicle of Nonemvasia see Charanis, op. cit., pp. 147 ff.), а на нивно место се населуваат словени.
[уреди] Фусноти
- ↑ (Mirac.,II,p.1325-1333)
- ↑ (Извор: "Mirac., II, p.1325-1333. / “Mirac.,",II,p.4, Tougard, p.148-176)
- ↑ (Theophanes, Chronographia, edited by Carolus de Boor (Leipzig, 1883), I, стр. 347)
- ↑ (Ibid., I, 486)
[уреди] Самоилово Царство
Види Самуилово царство
[уреди] Македонија во 11 - 14 век
[уреди] Македонија во Отоманската Империја
Види Македонија во Отоманската империја