Историја на македонскиот народ
Од Википедија, слободна енциклопедија
Содржина |
[уреди] Праисториска Македонија
[уреди] Античка Македонија
Античка Македонија или Македон било античко кралство на територијата на денешна Република Македонија и северна Грција. Се граничело со кралството Епир на запад и областа Тракија на исток. Во даден временски период Македонија била најмоќната држава на светот кога Александар Македонски го освоил скоро цел познат свет во тоа време и со тоа го започнал хеленистичкиот период во македонско-грчката историја.
[уреди] Средниот век во Македонија
Македонскиот народ почнува да се оформува како посебен етникум уште во раното средновековие од два носечки столба: античкото домородно македонско население и од Словените, со нивна фузија во еден етнос[се бара извор] . Првите византиски документи, македонските Словени ги опишуваат како народ кој е домороден, а не доселен во Македонија[се бара извор]. Еден од најстарите историски извори за македонските Словени е „Животот на Св. Димитрија Солунски“ од 6-от век, каде македонските племиња се прикажани како имаат свои кнежевства, потчинети на византискиот Император и своја локална самоуправа на чело со жупани. Од истиот извор дознаваме и кои се најголемите словениски племиња - Драговити, Сагудати, Велегезити, Бенити, Брсјаци.
-
- Македонските словени
- Етногенезата на македонскиот народ
- Географската распространетост на современиот македонски народ
- Уметноста во раниот среден век
- Првата македонска средновековна држава - Македонска Славинија
- Првите македонски средновековни кралеви
- Македонија под власта на Бугарија
- Македонија под власта на Србија
- Самуилово царство
- Македонија во 11-14 век
- Уметноста во доцниот среден век
- Македонија во Османската империја
- Уметноста во деветнаесеттиот век
[уреди] Создавање на македонската нација и борби за национално ослободување
Патот по кој мина македонскиот народ од своето будење па до полната национална афирмација беше толку сложен, што е многу тешко да се спореди со националното будење на кој и да е народ на Балканот. Од пробивот на капитализмот на почвата на Македонија, па до формирањето на македонската нација, македонскиот народ минуваше низ повеќе фази на преобразување што траеја половина век.
- Илинденско востание
- Балкански војни
- Македонија во Првата светска војна
- Македонија меѓу светските војни
[уреди] Национално ослободителна борба
Народно-ослободителната борба (НОБ) на Македонија е вообичаениот термин за борбата за ослободување на Македонија од окупаторските сили во текот на Втората светска војна. НОБ започна на 11 октомври 1941 година, со нападот врз бугарската полициска станица во Прилеп, а заврши со ослободувањето на Тетово на 19 ноември 1944 година.
* Народно-ослободителна борба НОБ
[уреди] Социјалистичка Република Македонија
Социјалистичка Република Македонија во минатото беше сојузна република во рамките на СФРЈ. (До 1963 година го носеше името Народна Република Македонија). Во 1991 година прогласи независност под името Република Македонија
[уреди] Историја на Република Македонија
Први парламентарни, повеќепартиски избори беа одржани на 11 ноември 1990 година. На 11 ноември 1991 година, Собранието го изгласа и Уставот на државата. Се конституира првото повеќепартиско Собрание на Република Македонија, на 20 март 1991 годинабеше избрана Влада на Република Македонија - експертска, на чело со Никола Кљусев како претседател на Влада (за неа гласаа 83 пратеници, 17 беа против, а тројца воздржани), а Собранието го избра за претседател на Република Македонија го избра Киро Глигоров, а за потпретседател на претседателот е избран Љубчо Георгиевски.