Троја
Од Википедија, слободна енциклопедија
Троја е долговремена населба откриена во девет слоеви близу северозападниот брег на Мала Азија. Од предисториското (3000 год. п.н.е.) до римското време (II век од н.е.), Троја господарела со влезот на Дарданелите. Потпирајќи се на хомеровите спевови "Илијада" и "Одисеја", овој град го открил Хајнрих Шлиман во 1868 година, на брегот Хисарлик, каде копал заедно со Дерпфелд. Пронајдени се богати археолошки наоди, особено во Троја VI која се смета за град на кралот Пријам, против кого Грците ја воделе прочуената Тројанска војна. Археолошкиот материјал се чува во музејот во Берлин.