Хомер
Од Википедија, слободна енциклопедија
Хомер (на грчки Ὅμηρος Hómēros) е легендарен (или можеби митски) ран грчки поет и рапсодист традиционално славен како автор на големите грчки епови „Илијада“ и Одисеја, комичниот мини-еп „Батрахомиомахија“ ("Војната на Жабецот и Глушецот"), телото Хомерови химни, и различни други изгубени или нецелосни дела како „Маргитес“. Неколку антички автори нему му го припишуваат целиот епски циклус, кој вклучува и натамошни поеми за Тројанската војна како и поемите за Едип и неговите синови.
Според традицијата, Хомер е слеп, и различни јонски градови се сметаат за негово родно место, но инаку неговата биографија е празна.
Постојано се води дебата околу тоа дали истиот поет е одговорен и за „Илијада“ и за "Одисеја"; за останатите дела мнозинството се согласува дека се напишани подоцна.