Хипократ
Од Википедија, слободна енциклопедија
-
За други употреби, видете Хипократ (појаснување).
Хипократ од Кос II или Хипократ од Кос (грчки: Ιπποκράτης), 460 П.Н.Е. –ц. 370 П.Н.Е., бил доктор во Античка Грција кој живеел во добата на Перикле. Заради неговите огромни допринеси во полето на медицина, Хипократ се смета за „татко на медицината“. Хипократската школа ја дефинирала медицината како засебна дисциплина (одворена од други како на пример, теургијата и философијата).
Хипократ и неговите следбеници го создале Хипократскиот Корпус, збирка на тогашните целокупни познавања поврзани со медицината и дефинирала морален код според кој докторите треба да живеаат и работат.[1][2] Корпусот исто содржел клинички белешки за како да се прегледуваат пациентите. Белешките биле куси, но, мошне јасни и прецизни.[3] Длабочината на информациите презентирани во овој корпус е мошне ценет до ден-денес. Модерните доктори сеуште ја земаат Хипократовата заклетва во малку изменета форма.[4][5]
Содржина |
[уреди] Биографија
Единствените податоци за Хипократ кои се знаат со сигурност се датумот на неговото раѓање, местото на раѓање и неговата професија. Историчарите се согласуваат дека Хипократ постоел како личност, дека бил роден околу 460 П.Н.Е. на островот Кос и дека бил мошне познат доктор и професор по медицина. Сите останати биографски податоци се сметаат дека се можеби апокриф . Мошне е тешко да се одреди што точно се случило, а што е дел од легендата која што го прати Хипократ и неговото дело. Бидејќи „официјалната“ биографија била создадена дури неколку векови по неговата смрт, голем дел од тие податоци биле пренесувани од колено на колено и не се сметаат за целосно веродостојни.[6]
Соранус од Ефес, за кого малку се знае, ја создал првата биографија на Хипократ и е извор на најголем дел од информациите за Хипократ како личност. Според Соранус, таткото на Хипократ бил докторот Хераклид, а мајка му била Пракситела, ќерката на Фенаретис. Тој имал два сина, Тесалус и Драко и зет кој се викал Полибус. Сите тројца биле негови студенти, но, Гален смета дека Полибус бил вистинскиот наследник на Хипократ. Според Гален, и Тесалус и Драко имале синови кои ги нарекле Хипократ според татко им.[7][8]
Соранус исто тврдел дека Хипократ најпрвин научил за медицината од неговиот татко и дедо, додека за други области учел од Демокрит и Ѓорѓија. Се смета дека тој учел во Асклепионот во Кос и дека бил ученик на Херодикус од Селимбрија. Според Платон, Херодикус бил Асклепид.[3] Други антички биографичари на Хипократ биле Суидас, Цецес и Аристотел.[9][10]
Скоро е сигурно дека Хипократ патувал насекаде и дека ја посетил Тесалија, Тракија и Мраморното Море. Секаде каде што одел, Хипократ работел во функција на доктор.[8] Се смета дека починал во Лариса кога имал 83 или 90 години, но, податоците за неговата смрт се сметаат за мошне неверодостојни. Некои извори тврдат дека Хипократ доживеал над 100 години старост.[8]
[уреди] Извори
- ↑ Garrison 1966, p. 92-93
- ↑ Nuland 1988, p. 5
- ↑ 3,0 3,1 Martí-Ibáñez 1961, p. 86-87
- ↑ Garrison 1966, p. 94
- ↑ Garrison 1966, p. 96
- ↑ Nuland 1988, p. 4
- ↑ Adams 1891, p. 19
- ↑ 8,0 8,1 8,2 Margotta 1968, p. 66
- ↑ Garrison 1966, p. 92
- ↑ Nuland 1988, p. 7
[уреди] Библиографија
- Adams, Francis (1891), The Genuine Works of Hippocrates, William Wood and Company, New York.
- Boylan, Michael (2006), Hippocrates, Internet Encyclopedia of Philosophy [September 28, 2006].
- Garrison, Fielding H. (1966), History of Medicine, W.B. Saunders Company, Philadelphia.
- Jones, W. H. S. (1868), Hippocrates Collected Works I, Cambridge Harvard University Press.
- Leff, Samuel & Leff, Vera. (1956), From Witchcraft to World Health, Camelot Press Ltd., London and Southhampton.
- Major, Ralph H. (1965), Classic Descrptions of Disease, Springfield, Illinois.
- Margotta, Roberto (1968), The Story of Medicine, Golden Press, New York.
- Martí-Ibáñez, Félix (1961), A Prelude to Medical History, MD Publications, Inc., New York, Library of Congress ID: 61-11617.
- Nuland, Sherwin B. (1988), Doctors, Knopf, ISBN 0394551303.
- Pinault, Jody Robin (1992), Hippocratic Lives and Legends, Brill Academic Publishers, Köln, ISBN 9004095748.
- Rutkow, Ira M. (1993), Surgery: An Illustrated History, Elsevier Science Health Science div, London and Southhampton, ISBN 0-801-6-6078-5.
- Singer, Charles & Underwood, E. Ashworth (1962), Short History of Medicine, Oxford University Press, New York and Oxford, Library of Congress ID: 62-21080.