10 јануари
Од Википедија, слободна енциклопедија
Дек - Јануари - Фев | ||||||
п | в | с | ч | п | с | н |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | 31 | |||
календар за 2008 г. Сите дати |
10 јануари е 10-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 355 денови до крајот на годината (356 во престапна).
Настани:
49 п.н.е. | Гај Јулиј Цезар (римски војсководец, државник, диктатор) ја изговори познатата реченица „Коцката е фрлена“, по што ја мина реката Рубикон (денешен Вар), со што почна граѓанската војна со приврзаниците на Помпеја која заврши со воведување негова лична диктатура. Во 44 г.п.н.е. Цезар беше убиен од припадниците на републиканската опозиција. |
1863 | Во Лондон, Велика Британија, е пуштена во работа првата подземна железница или метро во светот. |
1920 | По иницијатива на претседателот на САД, Вудро Вилсон, формирана е Лига на народите со седиште во Женева. Целите на оваа организација беа да се зачува мирот и да се зајакне меѓународната соработка. Нејзината активност не ги донесе очекуваните резултати. Фактички престана да дејствува уште во 1940 година, а формално беше укината во 1946 година. |
1975 | Пуштен е во сообраќај три километри долгиот тунел под реката Елба или Лаба, што ги спои автопатиштата од Централна Европа со оние во Данска и во Шведска. |
1994 | Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон Конвенцијата за меѓународен превоз со железница од 1980 година. |
1996 | Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан ја посети Република Македонија. |
1996 | Република Македонија и Европската унија воспоставија дипломатски односи. |
2006 | Отворени Зимските Олимписки Игри во Торино, Италија. |
Родени:
1902 | Добриша Цесариќ, хрватски поет. |
1945 | Род Стјуарт, англиски пејач. |
Починале:
1778 | Карл фон Лине, шведски ботаничар - систематичар, прв претседател на Шведската академија на науките, еден од најголемите дескриптивни ботаничари на сите времиња. |
1862 | Семјуел Колт, американски пронаоѓач. |
1917 | Вилијам Коди, познат како Бафало Бил, американски каубоец. |
1971 | Коко Шанел, француска модна дизајнерка. |
1991 | Д-р Александар Лазаров, редовен професор на Медицинскиот факултет, долгогодишен директор на Гинеколошката клиника во Скопје и еден од првите стручњаци на гинекологијата во Македонија. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |