31 јануари
Од Википедија, слободна енциклопедија
Дек - Јануари - Фев | ||||||
п | в | с | ч | п | с | н |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | 31 | |||
календар за 2008 г. Сите дати |
31 јануари е 31-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 334 денови до крајот на годината (335 во престапна).
Настани:
1945 | Со решение број 581 на Президиумот на АСНОМ е основан Македонскиот народен театар. Првата драмска претстава ја прикажа на 3 април истата година. Тоа беше драмската претстава „Платон Кречет“ од советскиот драматург Александар Корнејчук, а во режија на Димитар Костаров. |
1958 | САД го лансираа во орбитата околу Земјата, својот прв вештачки сателит „Експлорер 1“. |
1994 | Швајцарската Конфедерација и Принципатот Лихтенштајн воспоставија дипломатски односи со Република Македонија. |
1994 | Во Скопје е формирано Друштво на македонско - турско пријателство и соработка. |
Родени:
1797 | Франц Шуберт, значаен претставник на музичкиот романтизам и најголем композитор на соло песната. |
1841 | Лаза Костиќ, српски писател и преведувач, родоначалник на српската авангардна лирика. |
1921 | Марио Ланца, американски тенор и филмска ѕвезда. |
Починале:
1933 | Џон Голсфорди, англиски писател. Добитник на Нобеловата награда за литература. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |