11 јануари
Од Википедија, слободна енциклопедија
Дек - Јануари - Фев | ||||||
п | в | с | ч | п | с | н |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | 31 | |||
календар за 2008 г. Сите дати |
11 јануари е 11-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 354 денови до крајот на годината (355 во престапна).
Настани:
1693 | Во земјотресот што се случи во Катанија, Италија, загинаа околу 80.000 луѓе. |
1897 | САД и Велика Британија се согласија со арбитража да ги регулираат границите меѓу Канада - британски доминион и Алјаска, огромна територија од 1,5 милиони квадратни километри, која Американците во 1867 година ја купија од Русија за 7,2 милиони долари. Утврдените граници се непроменети до денес. |
1945 | Во Скопје е одржана Првата конференција на балканската младина на која присуствуваа делегати од Југославија, Грција, Албанија и Бугарија. Меѓу другото, беше донесена Резолуција за зближување на младината од балканските земји. |
1994 | Република Финска и Република Македонија воспоставија дипломатски односи. |
1995 | Република Македонија воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Република Романија и со Кралството Саудиска Арабија. |
Родени:
1814 | Танкреди Пазеро, еден од најголемите италијански оперски бас пејачи. |
1920 | Славко Јаневски, македонски писател. |
Починале:
1801 | Доменико Чимароза, Италијански композитор, претставник на Неаполската оперска школа. |
1928 | Томас Харди, англиски писател. |
1990 | Асен Тодоров, еден од доајените на македонското новинарство. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |