1 јануари
Од Википедија, слободна енциклопедија
Дек - Јануари - Фев | ||||||
п | в | с | ч | п | с | н |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | 31 | |||
календар за 2008 г. Сите дати |
1 јануари е првиот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 364 денови до крајот на годината (365 во престапна).
Настани:
45 п.н.е. | Започнал да се применува новиот календар, денес познат како јулианскиот календар. |
404 | Последната гладијаторска борба во римскиот колосеум. |
439 | Објавен е Теодосиевиот Законик (Codex Theodosianus), најголемата збирка на Римски закони во тој период. |
1651 | Чарлс втори е крунисан за крал на Шкотска. |
1801 | Церес, првиот познат Астероид е откриен од Џузепе Пјаци. |
1804 | Независност на Хаити од Франција. |
1818 | Мери Шели го објави романот за чудовиштето Франкенштајн. |
1880 | Фердинанд Лесепс ја започна изградбата на Панамскиот канал. |
1892 | Островот Елис е отворен како место каде се примаа првите имигранти во Соединетите Американски Држави. |
1901 | Британските колонии Нов Јужен Велс, Квинсленд, Јужна Австралија, Тасманија и Западна Австралија го формираат Австралискиот Сојуз; Едмунд Бартон е избран за прв премиер. |
1908 | За прв пат беше пуштена топка изработена од кристали и електрични светла на Њујоршкиот Тајмс Сквер, традиција на сите понатамошни прославувања на Новата Година. |
1909 | Во Битола излезе првиот број на весникот Работничка искра на бугарски јазик како орган на македонските социјалисти. Прв уредник на весникот беше Васил Главинов. |
1925 | Главниот град на Норвешка го промени името во денешното Осло. Предходното име, Кристијанија, го носеше од 1624 година. |
1932 | Во Виена се одржа првиот Новогодишен концерт.о Виена се одржа првиот Новогодишен концерт. |
1942 | Во Вашингтон 26 држави од целиот свет ја потпишаа Декларацијата на Обединетите Нации. |
1945 | Во Скопје излезе првиот број на сатирично - хумористичниот весник „Остен“. |
1948 | Основана е Државната опера на Народна Република Македонија |
1959 | За време на Кубанската револуција, Фидел Кастро го симна од власт дотогашниот кубански претседател Фулгенцио Батиста. |
1965 | Под водство на лидерот на движењето Ал Фатах, Јасер Арафат, формирана е Палестинската ослободителна организација - ПЛО. |
1982 | Перез де Куељар стана првиот Латино-американец, Генерален секретар на Обединетите Нации. |
1990 | формирана е политичката партија НДП. |
1995 | Започна со работа Светската трговска организација. |
1997 | Здружението на издавачите и книжарите на Македонија е примено во Меѓународната асоцијација на издавачите со седиште во Женева. |
2002 | Еврото започна да се користи во повеќето членки на Европската унија. |
2006 | Почна примената на Законот за заштита од пушењето. |
2007 | Влез на Бугарија и Романија во Европската Унија. |
Родени:
1823 | Шандор Петефи, унгарски револуцинер, лирски поет, поет на слободата и љубовта. |
1863 | Пјер де Кубертен, францускиот основоположник на модерните Олимписки игри. |
1873 | Марија Јуриќ Загорка, хрватска писателка и новинарка. |
1878 | Пејо Јаворов, бугарски поет, сопатник и биограф на Гоце Делчев. |
1895 | Џ. Едгар Хувер, еден од најпознатите и најконтраверзните директори на ФБИ. |
1912 | Ким Филби, британец, долгогодишен таен агент на КГБ. |
1915 | Бранко Ќопиќ, српски писател. |
1934 | Бранко Варошлија, македонски писател, литературен критичар, драматург и новинар. |
1968 | Давор Шукер, хрватски фудбалер. |
1973 | Врбица Стефанов, македонски кошаркар. |
1973 | Искра Трпева, македонска поп пејачка. |
1982 | Давид Налбандијан, аргентински тенисер. |
Починале:
1515 | Луј XII, француски крал. |
1894 | Хајнрих Рудолф Херц, германски физичар. |
1941 | Петар Поп Арсов, македонски револуционер, еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација, автор на првиот македонски Устав. |
1972 | Морис Шевалије, француски пејач и актер. |
1995 | Методија Ивановски - Менде, македонски сликар и сценограф. |
2001 | Фабијан Шоваговиќ, хрватски актер. |
Празници:
* | Куба прославува Ден на ослободувањето. |
* | Во државите кои го користат грегоријанскиот календар од полноќ, 00:01 часот, со огномет започнува да се слави почетокот на Новата Година. |
* | Ден на Јавна сопственост (public domain) во многу држави ширум светот. Тоа е ден кога Заштитената сопственост (copyrights) престанува да важи и делата поминуваат во т.н. Јавна сопственост (public domain). |
* | Според Римокатоличкиот календар:
|
* | Според македонскиот Православен календар:
|
[уреди] Надворешни врски
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |