Артур Шопенхауер
Од Википедија, слободна енциклопедија
Артур Шопенхауер (22 февруари, 1788, Данциг, Прусија – 21 септември, 1860, Франкфурт) е германски философ. Тој е еден од најважните философи на 19 век, најпознат по своето дело Светот како волја и претстава. Тој е обично познат по тоа што се залагал за еден вид на философски песимизам, што го гледа светот како суштински зол и залуден, но ако подлабоко се навлезе во неговите дела, под влијание на источната мисла, тој пронаоѓал надеж во естетиката, сочувството кон другите и аскетскиот живот. Неговите идеи длабоко влијаеле на полето на философијата, психологијата и литературата.
Шопенхауер бил идеалист, и неговото учење се заснова на идејата дека волјата е основа на се', Кантовото "нешто по себе", суштината на светот кој е само претстава. Волјата е вечно незадоволена, и затоа животот е бескрајно страдање, а овој свет најлошиот можен свет. Цел на се' е нирвана (будизам). Со поголемо влијание се здобил дури пред крајот на животот.