Северна Европа
Од Википедија, слободна енциклопедија
Северна Европа е северниот дел на континентот Европа. Овој регион се дефинирал различно во различни времиња, но денес се смета дека во него спаѓаат:
- Нордиските земји: Данска, Финска, Исланд, Норвешка и Шведска, како и Оланд, Фарските Острови, а понекогаш и Карелија, Колски Полуостров и Свалбард
- Република Ирска, Обединетото Кралство и Манскиот Остров и Каналските Острови (видете и Западна Европа)
- Естонија, Латвија и Литванија
- Подрачјето околу Балтикот и Северното Море како северозападна Русија, северна Полска, Холандија, Белгија, Луксембург и северна Германија.
Одделението за статистика при ООН ја дефинира Северна Европа како:
Пред XIX век, изразот „Нордиски“ или „Северни“ бил често употребуван за северна Европа во која се сметало дека спаѓат нордиските земји, европска Русија, балтичките земји (во тоа време Ливонија и Курланд) и Гренланд.
Во времето на доминантноста на Медитеранот во Европа (како Римското царство), сето она кое не било околу морето се сметало за северна Европа, и тоа: Германија, Ниските земји и Австрија. Оваа поделба се користи и денес во извесни случаи, како да речеме при изучување на т.н. Северна Ренесанса. Во средниот век се користел изразот (Ултима) Туле за полумитско место на далекиот север на континентот.
Во контест на Европската Унија северноевропски земји се Данска, Шведска, Финска, Германија, Белгија и Холандија.
Африка | Западна · Источна · Јужна · Северна · Централна | ||
---|---|---|---|
Америка | Јужна · Кариби · Латинска · Присеверна · Северна · Централна | ||
Азија | Западна · Источна · Југоисточна · Јужна · Северна · Централна | ||
Европа | Западна · Источна · Јужна · Северна · Централна | ||
Океанија | Австралазија · Меланезија · Микронезија · Полинезија | ||
|
|||
Поларни | Антарктик · Арктик | ||
Океани | Атлантски · Индиски · Јужен · Северен · Тихи |