Штитна жлезда
Од Википедија, слободна енциклопедија
Штитната жлезда или тироидеа е ендокрина жлезда која е сместена непосредно под гркланот, од двете страни на душникот. Има форма на штит. Се состои од два лобуса (лев и десен) кои се споени со еден потесен жлездест дел, наречен истмус. Штитната жлезда е тешка од 30 до 60 g. Тироидното ткиво го сочинуваат бројни тироидни фоликули кои се исполнети со белковидна маса (колоид), каде што се акумулираат тироидните хормони. Фоликулите се обложени со жлездести клетки - тиреоцити.
Содржина |
[уреди] Физиологија
[уреди] Хормони од штитната жлезда
Во штитната жлезда се синтетизираат два основни хормони: тироксин и тријодтиронин. За нивната синтеза се потребни големи количества на јод.
[уреди] Нарушување на тироидната функција
Хиперфункцијата на штитната жлезда доведува до појава на Базедова болест. Хипофункцијата во раниот развиток доведува до појава на ментално и физичко заостанување - кретенизам. Кај возрасни луѓе, поради намаленото лачење на тироидните хормони, доаѓа до намалување на метаболизмот, намалување на телесната температура, груба и отечена кожа, забавени реакции, незаинтересираност итн.
[уреди] Регулација на функцијата на штитната жлезда
Синтезата и секрецијата на тироидните хормони се регулира по принципот на негативна повратна врска. Тоа значи дека зголемената концентрација на слободниот тироксин во крвта, влијае инхибиторно врз секрецијата на соодветниот ослободувачки хормон од хипоталамусот (Тиреотропин, TSH). Поради тоа се намалува секрецијата на TSH од аденохипофизата. Намалувањето на овој хормон доведува до намалена синтеза и секреција на тироидните хормони. При намалено ниво на тироксин во крвта, дејствата се обратни.
[уреди] Надворешни врски
- Thyroid, медицински журнал за истражување на штитната жлезда
- Слободна on-line книга
- Тироидни болести
Ендокрин систем |
---|
Надбубрежна жлезда | Жолто тело | Хипоталамус | Бубрег | Јајчници | Панкреас | Параштитна жлезда | Епифиза | Хипофиза | Тестиси | Штитна жлезда |