Че Гевара
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Ернесто Рафаел Гевара де ла Серна (шпански: Ernesto Rafael Guevara de la Serna) или скратено Че (шпански: Che), е роден на 14 јуни 1928 во Росарио, Аргентина. Живеел во добро ситуирано семејство, кое и покрај завидната состојба- преферирало социјалистички идеи. На 20 години почнува да студира медицина, на универзитетот во Буенос Аирес.
На 1 јануари 1950, Че Гевара и неговиот пријател Алберто Гранадо тргнуваат на пат околу Јужна Америка со мотор (така наречен Ла Педроса),со цел,да стигнат во Венецуела на роденденот на Алберто Гранадо(на 8 август) и таму да го прослават.За време на патувањето се одседнуваат на неколку места,најпрвин се задржуваат 6 дена во Миамар,кај тогашната девојка на Че,потоа следат пропатни проблеми со моторот и кратки задржувања на повеќе места.Подолго се задржуваат во Перу,на еден остров во болница за лепрозни лица,кде што работат извесно време.Таму Че на големо го подигнува духот на болните лица уверувајќи ги дека треба да се борат во животот за се,па и против болеста.Тука Че го прославува 23 роденден.На крај неговиот пријател Гранадо е примен како биохемичар во една болница во Гватемала,и тука се разделуваат.Че оди во Мајами,од каде се враќа во Буенос Ариес,за да го заврши факултетот за медицина.Во текот на патувањето му се развиваат и мислите околу комунизмот,како единствено решение за спас на луѓето кои невино страдаат,и сето тоа започнува кога ќе сретне брачен пар,лево ориентирани во политиката, кој оди во рудник да заработи за леб,бидејќи властите му го одземале земјиштето.Тоа е всушност пресвртниот момент во сфаќањата на Че.
Откако го завршил факултетот,оди повторно на пат,кон Средна Америка,во 1955 година.Во тој период се жени со Хилдита од која има и едно дете.При тоа го запознава Рикардо Рохо,човек кој прв пат ќе го одведе Че во вистинска борба против капиталистите,во Гватемала,каде што и нема да стекне некое искуство,бидејќи бунтовниците брзо биле разбиени и протерани од Гватемала.Че тогаш пребегнува на територијата на Мексико,каде што го запознава Фидел Кастро и неговиот брат Раул.Таа јунска вечер кога се запознале,разговарале 5-6 часа и „паднал“ договорот за организирање на револуција во Куба.
Во 1957 Че и браќата Кастро ја нападнале касарната во местото Ла Плата,на Куба. Тоа било воедно и првата нивна победа. Откако дотогашниот диктатор побегнал од земјата, а победата на револуционерите е призната, Ернесто добива Кубанско државјанство на 9 февруари и станува гувернер на народна банка на Куба,Амбасадор на Куба во Организација на Обединетите Нации и уште 2 министерски места.Како амбасадор посетува повеќе левоориентирани земји,меѓу кои и Јуославија.Има свое излагање и на Самитот во Алжир,каде што се запознава со ситуацијата на колонијалните земји од тој дел на светот, и највеќе го погодува угнетеноста на Конгоанскиот народ.Затоа се решава во 1965 година да ги напушти сите владини функции на Куба и да замине во Конго со цел да ја прошири револуцијата на таа територија.Инаку,Че последен пат е виден на 15 Март 1965 година,на аеродромот во Хавана,каде се симнува од авион и се упатува заедно со Кастро во собата за разговори.Оттогаш тој,во голема тајност, се спрема за проширувањето на револуцијата на африканско тло.Во тој период умира мајка му,по големи напори да стапи во контакт со својот син.Но,при секое јавување во неговиот дом,Алеида Марч(неговата втора жена) го давала истиот одговор,дека Ернесто бил на доброволна работа,во длабочината на островот,далеку од Хавана.Така тој не успева да си ја види за последен пат својата мајка,а веста ја дознава во Август,истата година,кога веќе се наоѓа на тлото на Африка. Во Конго се задржува неполна година,од каде што излегува како поразен,но не поради своја вина,туку поради несовесноста и неодговорноста на Конгоанската герила.Иако вратата на Куба сеуште се отворени за него,тој во никој момент не помислува да се врати назад,бидејќи веќе еднаш се откажал од тоа да дејствува таму,и решава да замине на мал одмор во Прага.Но убедувањата од Кастро,да се врати во Куба не стивнуваат,и тој решава да му предложи дека ќе дојде на Куба,но само за да организира герилска војна во некоја Јужно Американска држава.Тој услов го прифаќа Кастро,и му предложува на Че да дејствува во Боливија. Така,Боливија станува следната дестинација на Ернесто.Во пролетта 1966 година се враќа повторно на Куба,каде што по неколку месечни подготовки,на 3 Ноември,истата година се упатува на Боливија,поминувајќи ја границата под име Адолфо Мене,уругвајски бизнисмен.Таму пречекан од Тања Герилка(Laura Gutieres Bauer,германка со аргентинско потекло која била задолжена за организирање на престојот на Че во Боливија)во Ла Паз,и веднаш пренесен во Њанкаус.Целта на групата на Че било да се стигне до највнатрешните предели,во најдлабоките прашуми,од каде што би можеле да дејствуваат.Но уште од почетокот почнале да се случуваат непредвидени работи.Најапрвин Комунистичката партија на Боливија се оградила од било какви напади на герилците,т.е не им дале никаква подршка на герилците,потоа групата претрпува и човечки загуби,кај реката Рио Гранде,кога е пресретната групата на Тања Герилка и Хоакин и целосно уништена.Но Че сеуште не се предава и продолжува со својата десеткувана група да се пробива кон селото Ваље Гранде.Тоа ќе биде и местото каде што,на 7 Октомври 1967 година, ќе биде пресретнат од Боливиската армија и ќе биде заробен.На 8 Октомври,во 13 часот, ќе биде погубен од страна на Боливискоит војник Марио Теран,кој ќе страла директно во градите на Че.Според тогашниот претседател на Боливија,Бариентос,телото на Че е спалено и пепелот расфрлан над селото Ваље Гранде.Но сите не мислеа дека тоа е вистина.Напротив телото било закопано покрај пистата на стариот аеродром во Ваље Гранде. Посмртните останки се пронајдени на 28 Јуни 1997 година,и со големи почести пренесени и положени во Маузолеј во Санта Клара,посветен токму нему,на 17 Октомври 1997 година.
Ернесто Че Гевара,и по својата смрт,остана легенда до ден денеска.Идол на многу млади луѓе,што поради храброста ,што поради својот љубовен живот,што поради своите комунистички сфаќања.
--85.30.87.12 17:55, 22 февруари 2007 (UTC)