Леб
Од Википедија, слободна енциклопедија
Лебот е дел од основните состојки во исхраната кој се подготвува со печење, парење или пржење на тесто кое се состои најмногу од брашно и вода. Солта најчесто е потребна, а понекогаш се користи и квасец. Некои врсти леб содржат и зачини и зрна како сусам и мак кои можат да се користат и за декорација.
Лебот може да се јаде сам, или намачкан со путер, путер од кикирики, маргарин, или сладок намаз како џем, желе, мармалад, мед, или пак се користи за затворање на сендвичи. Може да биде само печен или дополнително печен на тостер и може да се сервира било каде од собна температура до жешка.