Математичка анализа
Од Википедија, слободна енциклопедија
Статии поврзани со математичката анализа |
Основна теорема на анализата |
Диференцијално сметање |
Извод од производ |
Интегрално сметање |
Таблица на основни интеграли |
Математичката анализа, една од најбитните гранки на математиката, разработува неколку неразделно сврзани делови на математиката како теоријата на полиња, теоријата на низи и теоријата на функции.
Математичката анализа е своевиден почеток на вишата математика, па затоа често пати се сретнува токму под тоа име. Како и да е, самата анализа не е хомогена и единствена туку има повеќе свои дисциплини. Така (условно) и анализата може да се подели на нижа или елементарна анализа и виша или неелементарна анализа (калкулус). Елементарната анализа главно се бави со својствата и формите во еднодимензионални полиња (едно- и дводимензионални пресликувања, бројни и функционални низи и редови и сл.), додека неелементарната со формите и својствата на повеќедимензионалните полиња. Основните дисциплини на анализата се:
- Теорија на полиња
- Теорија на низи
- Теорија на пресликувања (функции)
- Теорија на редови
Според полето над кое се изведуваат сите процеси и операции анализата може да биде реална анализа (ако е ограничена над полето од реални броеви) или комплексна анализа (ако процесите и операциите се извршуваат над полето комплексни броеви).
[уреди] Видете исто така
- Виша математичка анализа
Главни полиња на математиката | Уредете |
---|---|
Алгебра | Апстрактна алгебра | Линеарна алгебра | Анализа | Функционална анализа | Нумеричка анализа | Виша анализа | Геометрија | Диференцијални равенки | Теорија на категориите | Комбинаторика | Алгебарска геометрија | Логика | Оптимизација | Статистика | Теорија на броевите | Теорија на множествата | Веројатност | Топологија | Алегебарска топологија |