Народен херој на Југославија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Народен херој на Југославија е највисоко воено одликување што се доделувало во СФР Југославија. Тоа се доделувало на личности кои особено се истакнале со својата храброст во текот на Народно-ослободителната борба. Доделени се вкупно 1307 вакви одликувања.
[уреди] Македонски народни херои
Од вкупно доделени 1307 одликувања на територијата на поранешна Југославија, на лица родени во денешна Република Македонија им се доделени 66 вакви одликувања. Од нив 44 загинале за време на војната.
За народни херои се прогласени следните лица:
- Александар Урдаревски, роден 1920 година во с. Чучер, Скопје;
- Ангел Мојсовски, роден 1923 година во с. Ораовец, Велес;
- Атанас Забзановски, роден 1925 година во Прилеп;
- Бајрам Шабани, роден 1920 година во с. Липково, Куманово.
- Благоја Јанков, роден 1910 година во Струмица;
- Благоја Страчковски, роден 1922 година во Велес;
- Блажо Тодоровски, роден 1902 година во с. Ресава, Кавадарци;
- Борка Велевски, роден 1912 година во Прилеп;
- Борка Талевски, роден 1921 година во Прилеп;
- Борко Темелковски, роден 1919 година во Прилеп;
- Боро Менков, роден 1919 година во Куманово;
- Боро Петрушевски, роден 1920 година во Куманово;
- Вангел Нечевски, роден 1922 година во Битола;
- Вангел Тодоровски, роден 1920 година во Битола;
- Ванчо Пркев, роден 1921 година во с. Серменин, Гевгелија;
- Васко Карангелевски, роден 1921 година во с. Брусник, Битола;
- Вера Ацева, родена во 1919 година во с. Ораовец, Прилеп;
- Вера Јоциќ, родена 1923 година во с. Синѓелиќ, Скопје;
- Видое Смилевски, роден 1915 година во с. Ниќифорово, Гостивар;
- Ѓоре Дамевски, роден 1922 година во Прилеп;
- Гоце Стојчевски, роден 1919 година во Тетово;
- Димче Мирчев, роден 1914 година во Велес;
- Елпида Караманди, родена 1920 година во Лерин, Егејска Македонија;
- Злате Билјановски, роден 1920 година во с. Пуста Река, Крушево;
- Злате Михајловски, роден 1926 година во с. Богдево, Гостивар;
- Ибе Паликуќа, родена 1927 година во Дебар;
- Илија Јовановски, роден 1921 година во с. Топлица, Прилеп;
- Јордан Николов, роден 1916 година во Скопје;
- Јордан Чопела, роден 1912 година во Варош, Прилеп;
- Јосиф Јосифовски, роден 1914 година во Гевгелија;
- Каба Лимани, роден 1924 година во Дебар;
- Кире Гаврилоски, роден 1918 година во Прилеп;
- Кирил Михајловски, роден 1916 година во с. Виница, Кочани;
- Киро Атанасовски, роден 1923 година во Кавадарци;
- Киро Нацев, роден 1918 година во Куманово;
- Крсте Црвенковски, роден 1921 година во Прилеп;
- Круме Волнаровски, роден 1909 година во Прилеп;
- Кузман Јосифовски - Питу, роден 1915 година во Прилеп;
- Лазар Колишевски, роден 1914 година во Свети Николе;
- Лазо Колевски, роден 1918 година во с. Мрзен-Ораовец, Кавадарци;
- Љупчо Арсов, роден 1910 година во Штип;
- Манчу Матак, роден 1920 година во Крушево;
- Мара Нацева, родена 1920 година во Куманово;
- Мирко Милевски, роден 1923 година во с. Поповец, Кичево;
- Мирче Ацев, роден 1915 година во с. Ораовец, Прилеп;
- Мите Богоевски, роден 1919 во с. Болно, Ресен;
- Михајло Апостолски, роден 1906 година во Штип;
- Михо Михајловски, роден 1915 година во Кичево;
- Наум Наумовски, роден. 1920 година во Крушево;
- Овадија Естреја, родена 1921 година во Битола;
- Панче Поповски, роден 1924 година во Гостивар;
- Перо Георгиев, роден 1918 година, Куманово;
- Петар Божиновски, роден 1920 година во Битола;
- Раде Јовчевски, роден 1919 година во Скопје;
- Рампо Левков, роден 1909 година во Прилеп;
- Славчо Стојменов, роден 1921 година во Штип;
- Стеван Наумов - Стив, роден 1920 година во Битола;
- Страхил Гигов, роден 1909 година, Велес;
- Страшо Пинџур, роден 1915 година во с. Ваташа, Кавадарци.
- Тихомир Милошевски, роден 1915 година во с. Битуше, Дебар;
- Тодор Циповски, роден 1920 година во Тетово;
- Трајко Стојковски, роден 1923 година во Куманово;
- Фана Цветковиќ-Кочовска, родена 1927 година во с. Лавци, Битола;
- Христијан Тодоровски, роден 1921 година во Куманово;
- Цветан Димов, роден 1909 година во Скопје;
- Чеде Филиповски, роден 1923 година во с. Ниќифорово, Гостивар;
Најмногу народни херои - 14 има од Прилеп и Прилепско, 8 од Куманово и Кумановско, 7 од Битола и Битолско, 5 од Скопје итн. Фана Кочовска-Цветковиќ, која почина во 2006 година, беше најмладиот народен херој на Југославија. Од народните херои се уште се живи: Вера Ацева, Злате Билјановски, Атанас Забазановски, Михо Михајловски, Мара Нацева, Ванѓел Нечевски и Трајко Стојковски-Бузо.