Рихард Вагнер
Од Википедија, слободна енциклопедија
Рихард Вагнер May 22, 1813 – February 13, 1883 бил генијален музичар, иноватор во хармонијата, создавјќи сопствени верзии на Gesamtkuntswerk, драмски композиции во кои сите уметности биле споени во едно. Како човек тој бил подготвен да ја жртвува својето семејство и пријателите за каузата на својата музика. Неговиот антисемитизам го привлекол вниманието кон идеите за неговата работа како музичар. Во своите творби ги обработувал германските митолошки ликови, а внесувал и многу патриотски чувства. Во подоцнежниот период од кариерата, Вагнер ја уживал поддршката од кралот Лудвиг Втори од Баварија и бил во можност да создаде свој театар и фестивал во баварискиот град Бајројт. Тој ја развил употребата на „лајтмотив” (главен мотив) како основа на музичката творба. Неговиот прелудиум за трагичната љубов на Тристан и Изолда на светот му донел еден нов вид на хармонија.
[уреди] Опери и музички драми
Вагнер, кој работел како диригент го доживеал првиот успех во 1842, во Дрезден со операта „Риенци”, базирана на новелата од Едвард Булвер-Литон. Една година подоцна, во 1843, со „Летачкиот Холанѓанец”, напишана според легенда запишана од Хајне за Холанѓанецот кој пловел преку морињата, сѐ додека не ја нашол вистинската љубов. „Тенхаузер”, во кој се зборува за средновековниот трубадур Танхаузер, била изведена во Дрезден во 1845. Вагнеровата вмешаност во револуцијата од 1848 и бегството од Дрезден го довеле до следното драмско дело, „Лохенгрин”, во Вајмар. Четирите опери од тетралогијата „Прстенот на Нибелунзите” - „Златото на Рајна”, „Валкира”, „Самракот на боговите” и „Зигфрид” се ремек-дела на драмското и музичкото достигнување на Рихард Вагнер. Други негови драмски дела се „Тристан и Изолда”, „Пејачите од Нирнберг”, и последното дело, „Парсифал”.
[уреди] Оркестарска музика
Најпознатите Вагнeрови оркестарски композиции се „Жртвуваната идила”, напишана за неговата втора жена, и „Козима”, за нелигитимната ќерка на Лист и поранешна жена на Рихард Вагнер.