Славистика
Од Википедија, слободна енциклопедија
Славистиката е академско подрачје које ги проучува подрачјата кадешто живеат словените, Словенските јазици, литературата и културата. Слависта е лингвист или филолог кој ја изучува Славистиката. Славистиката се појавува во доцниот 18. и раниот 19. век, речиси истовремено со националното будење помеѓу словенските народи, и обид да се воспостави дијалог помеѓу Славјанската заедница. Ова движење е познато и како Пан-Славистика. Еден од првите научници кои го користат ова име е Јозеф Добровски.
Историјата на славистиката генерално е поделена на три периоди. До 1876 раните слависти се концентрирале на документација и печатење на споменици за словенските јазици. Во овој период се појавуваат и првите модерни речници и граматики. Вториот период завршува со Првата Светска војна, и е обележан со брз развој на Славјанската филологија и лингвистика. Овој процес го стумулираат Август Шленшен и Август Лескен на Универзитетот во Лајпциг. По војната, научниците се фокусираат на дијалектологијата. По Втората Светска војна, славистички центри се формирани на многу универзитети низ светот.
[уреди] Подрачје на интересирање
- Белорусија - Белоруски јазик - Белоруска литература - Белоруска култура
- Бугарија - Бугарски јазик - Бугарска литература - Бугарска култура
- Македонија - Македонски јазик - Македонска литература - Македонска култура
- Полска - Полски јазик - Полска литература - Полска култура
- Русија - Руски јазик - Руска литература - Руска култура
- Словачка - Словачки јазик - Словачка литература - Словачка култура
- Србија - Српски јазик - Српска литература - Српска култура
- Украина - Украински јазик - Украинска литература - Украинска култура
- Чешка - Чешки јазик - Чешка литература - Чешка култура
[уреди] Словенски азбуки
- Белоруска азбука
- Бугарска азбука
- Македонска азбука
- Полска азбука
- Руска азбука
- Словачка азбука
- Српска азбука
- Украинска азбука
- Чешка азбука