Static Wikipedia February 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu

Web Analytics
Cookie Policy Terms and Conditions Влашки јазик - Википедија

Влашки јазик

Од Википедија, слободна енциклопедија

Аромански (влашки) јазик (armãneashti, armãneshce)
Се говори во: Албанија, Бугарија, Грција, Македонија, Србија
Реон: Југоисточна Европа
Општ број на говорници: 2,000,000 - 3,000,000
Ранглиста: По 100-та позиција
Класификација: Италски

 Романски
  Источноромански
   Аромански јазик

Контролиран од: ---
Јазични кодови
ISO 639-1 roa
ISO 639-2 rup

Влашкиот јазик (поточното име е аромански), на влашки: armãneashti или armãneshce е јазик од источната подгрупа од романските јазици кои се зборуваат на Балканот.

Овој јазик е формиран по латинизацијата на Балканскиот Полуостров со мешање на локалните јазици на античките народи на Балканот, особено на трако-илирскиот, епирскиот и тесалијскиот. Во текот на вековите, ароманскиот јазик под влијание на грчката култура и јазик која била во подем на Балканот пред и по доаѓањето на Римјаните така што голем дел од лексичкиот состав на јазикот доаѓа од овој јазик. Основниот морфолошки и граматички состав на јазикот е секако сроден со останатите нео-латински (романски) јазици а во однос на лексиката, огромен број од латинската основа е еднаква.

Прашањето за одделноста на ароманскиот јазик од романскиот јасно е решено со одделувањето на двете популации јужно (Ароманците) и северно (Романците) кои биле латинизирани во текот на нападот на Римската Империја на Балканот. Доколку зборуваме за дијалекти на ист јазик, тогаш би морале да дојдеме до констатацијата дека овие два народи живееле некогаш заедно и зборувале ист јазик разделувајќи се по доаѓањето на Словените (што е дел од политичката пропаганда на Романија. Скорешните генетски истражувања укажуваат на спротивното.

За први регистрирани аромански (влашки) зборови се сметаат „torna, torna fratre!“ (товарот, товарот брате) изговорени за време на нападите на аварските племиња врз Византијската Империја во пределот на денешна Тракија (579-582 н.е.). Лингвистите кои беа свесни за постоењето и формана на ароманскиот јазик ја протолкуваа оваа реченица како „товарот, товарот брате“ заради формата "rastoarnã" (v.) и „torna“ (n.) кои на аромански (влашки) означуваат растовар и товар, но доколку се земе в предвид латинската форма (и основа, како што и била протолкувана реченицата од Византијците) - реченицата би се протолкувала со глаголот торна (од лат. tornare) : „врати се брате врати се“.

За жал, пишаните извори на влашкиот јазик од поранешниот период (пред доаѓањето на Словените) се сведуваат на минимум, заради политичките пропаганди на двете најзаинтересирани држави за Власите - Грција и Романија. Се зборува за и одредени извори кои никогаш нема да нѝ бидат достапни, како: пишаните дела на аромански (влашки) јазик од Св. Наум со словенски (кирилски) букви.

За врховно достигнување на аромански (влашки) јазик се смета т.н. „Москополски период“ наречен и прва ренесанса на влашкиот јазик. Тогаш ароманскиот (влашкиот) јазик го достигнува својот максимум: била отворена првата Академија на Балканот наречена „Нова Академија“, печатницата на Браќата Маркизи Пуљу,итн. во црквите (околу 70 на број) се богослужело на аромански (влашки) јазик, познат е и преводот на најзначајните дела (Библијата и Псалтирот) а потоа и повеќе дидактички дела (од кои е зачувана PROTOPIRIA (Првоучение) на Теодор Анастас Кавалиоти со околу 1200 зборови со преводни еквиваленти на аромански (влашки), грчки и албански; NЕА PEDAGOGHIA (Нова педагогија) на Константин Укута како и TETRAGLOSSAR (Четиријазичникот) на Даниил Москополец-што е дел од ISAGOGHIKI DIDASCALIA (Воведно учение) каде покрај четиријазичниот лексикон на аромански (влашки), грчки, македонски и албански; содржани се лекции од математика, природа и логика). За жал со спалувањето на Москополе во повеќе наврати од страна на сатрапот Али Паша Јанински, сите останати дела се забележани во библиографиите на пооделните ракописи.

Во времето пред отворањето на ароманските (влашките) училишта во Македонија (1864 година), останати се повеќе извори како: написот на црквата во Музакија, денешна Албанија со грчки букви, кој гласи: „Βίργιρε Μούμα-λ τουμνεζί ώρε τρέ νόϊ πεκετόσσλοιι“ (Virghirã, Muma-a Dumnidzãlui ora ti noi pecãtoshlji) што доаѓа од латинското: Vergine, Mater Dei, ora pro nobis peccatoribus. (Богородице, Мајко Божја пази на нас грешните). Написот е датиран од 1731 година. Потоа написот во црквата во Клиновос, Трикала, денешна Грција од 1789: ΙΝΤΡΑ ΜΠΑΣΙΑΡΕΚΑ ΚΟΥ ΜΟΥΛΤΑ ΠΑΒΡΙΕ. /ΤΡΙΑΜΠΟΥΡΑ ΛΟΥΝΤΑΛΟΥΪ ΜΑΡΙΑ ΚΟΥΜΝΙΚΑΤΟΥΡΑ./ΦΩΚΟΛΟΥ ΑΚΣΙ ΣΗ ΚΟΛΑΣΙΑ ΤΡΑ ΣΚΑΚΗ (Intra bisearicã cu multã/mod.mare/ puvrie. Treamburã lundalui marea cumnicãturã./Focolu a(c)shi di Colise si-scachi. (Влези во црквава со голем страв. Трепери за време на Светата Причест. Овој Огон (Христос) нека те спаси од Пеколот.) Во 1813 година, се издава првата ароманска граматика со име „Γραμματική ρωμανική ητοί βλαχική“ (Ароманска или влашка граматика) на аромански, германски и грчки јазик во Виена, од страна на Михаил Бојаџи (која подоцна ќе биде анатемисана од страна на грчката црква). Со отворањето на ароманските (влашките) училишта на Балканот почнувајќи од 1864 година, се зголемува бројот на кадрите за јазикот и тој ја добива својата конечна форма. Почетоците на училишната традиција ја започнува ароманскиот Архимандрит Аверќие кој одбира 12 момчиња од различните места на Балканот и го формира првото пост-москополско училиште со име „Дванаесет Апостоли“ во Букурешт, Романија. Овие училишта почнуваат да добиваат и поофицијална употреба со признавањето на Власите (Ароманците) од страна на турскиот Султан Абдулхамид Втори, кој на 22(стар) 23(нов) Мај 1905 го издава ферманот „ИРАДЕ“ со кој на ароманскиот елемент во европска Турција му се дозволува формирање свои општини со нивни поглавари - муктари, како и право на вероисповест (влашки јазик во црквите) и училишта. Со Коминикето од наредниот ден (23/24 Мај) од страна на Великиот Везир Сафет-Паша на ароманските цркви ѝм се утврдува правото на постоење и на Цариградската Патријаршија строго ѝ се забранува мешање во нивната работа.

На крајот на 19-тиот и почетокот на 20-тиот век се пројавуваат бројни аромански писатели кои го унапредуваат јазикот. Меѓу нив најзначајни се: Никола Бацарија, Никола Вело, Јорји Мурну и др. Во овој период значајно е и печатењето на првиот официјален аромански речник од Штефан Михајлеану во 1901 година (во Букурешт), потоа речникот на Јон Даламетра од 1903 година (исто така во Букурешт) и Толковниот речник на ароманскиот јазик печатен во 1953 година од Таќе Папахаџи (кој се смета за најзначаен и најобемен речник на ароманскиот јазик со романски и француски толкувања). Со почетокот на Балканските војни како и Светските војни, ароманските (влашките) училишта почнуваат да згаснуваат и конечно со завршувањето на Втората Светска Војна и воведувањето на мрачното доба на Комунизмот, ароманскиот елемент и јазик сосема изчезнува од политичките мапи на Балканот. Со прекинувањето на железната завеса и симнувањето на комунистите од власт, странските пропаганди повторно почнуваат да вршат силна тензија (која предходно била оправдувана со Комунизмот) врз Власите (Ароманците) да го заборават засекогаш својот јазик.

Ароманскиот јазик подоцна ќе биде официјално кодифициран со одржувањето на Двата Интернационални Конгреси во Германија (Фрајбург) како и Меѓународниот Конгрес во Битола во 1997 година, кога се напушта пропагандистичката теорија на користење на романската азбука (која била користена дотогаш) и се формира нова азбука, правопис, а граматиката се задржува во истата форма предадена од Михаил Бојаџи.


[уреди] Врски

Static Wikipedia 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2006 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu