Интернет
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Интернет (анг. Internet или the Net) е јавно достапен систем на меѓусебно поврзани компјутерски мрежи од целиот свет, кои пренесуваат податоци во форма на пакети со користење на стандардното множество протоколи означено како TCP/IP. Интернет се состои од голем број мали и големи, домашни, деловни владини и невладини мрежи, кои што заедно пренесуваат различни информации и услуги, како електронска пошта, директен разговор, како и меѓусебно поврзани web-страници и други документи од Пајажината ( Светски Распространета Пајажина - World Wide Web / WWW ).
Наспроти општоприфатеното користење термините интернет и web не се синоними: интернетот е збирка на меѓусебно поврзани компјутерски мрежи, поврзани со бакарни жици, оптичковлакнени кабли, безжични врски и слично, додека пајажината е збирка на меѓусебно поврзани документи со користење хиперврски и адреси ( Uniform Resource Locator / URL ), до кои што може да се пристапи со користење на интернет. Покрај пајажината, интернетот обезбедува и многу други сервиси, како е-пошта, споделување на датотеки итн.
Содржина |
[уреди] -Историја на интернетот и што е тоа интернет -
Корените на интернет се во ARPANET, американска одбранбена мрежа создадена во 1969 година. Првата TCP/IP мрежа е направена на 1 јануари 1983 така што овој датум е земен за создавањето на интернетот. Во тоа време интернетот можеле да го употребуваат универзитетите, војската и некои други државни организации во САД и бил наречен NSF (National Science Fondation) или Национална Научна Фондација. Интернетот доби комерцијална употреба дури во 90-десетите години.
Во Август 1991 година од CERN (европска организација за нуклеарни проучувања) го претстави проектот World Wide Web, а две години потоа е се претставени и HTTP протоколот и HTML кодот. Беше создадена првата web страна на CERN. А веќе во 1993 година беше создаден и првиот графички пребарувач Mosaic web browser 1.0. Во 1996 година зборот Интернет веќе стана популарен и интернетот започна да се употребува за комерцијалните и приватните потреби. Така што според последните статистики направени на 1 јануари 2006 год. интернетот го користат една милјарда луѓе.
Интернетот претставува множество од сервиси кои работат врз поврзаните компјутерски мрежи низ целиот свет со што се овозможува брза размена на информациите односно податоците преку постоечките телефонски линии. Името интернет е добиено како кратенка од INTERnational NETwork - INTERNET што во превод би значело меѓународна мрежа. А во неа се вклучени милиони луѓе од светот.
[уреди] -Структира и организација на интернетот-
Интернет мрежата е направена на сличен начин како и патната мрежа на една земја или во светот. Во патната мрежа е битно да се стигне од едно место до друго по различни патишта. Кога на некој му е познат барем еден од патиштата тој нема да има проблем да стигне до целта. Но проблемот е кога некој не го знае патот туку само целта. Во тој случај се постапува така што кога ќе се стигне до некоја крстосница, се прашува по кој пат да се продолжи. Ако соговорникот знае пократок, понеоптеретен или побрз пат тогаш побрзо ке се стигне од целта. Слично е и во интернетот, патиштата претставуваат телефонски врски помеѓу местата. При преносот на податоци од едно до друго место тие можат да се пренесат по повеке патишата односно телефонски линии. Постојат крстосници места во кој се поставени компјутери чија задача е да ги упатуваат податоците по најкраткиот и најнеоптеретениот пат со цел да се стигне побрзо до целта. Таквите компјутери се нарекуваат јазли, а компјутерите на крајните корисници се нарекуваат домаќини или хостови.
Втората карактеристика на интернет мрежата е начинот на барање на податоците во неа. Во интернет мрежата постојат посебни компјутери наречени опслужувачи или сервери кои располагаат со адреси од многу ,,производи” (програми, документи ,имиња итн) и кои им се даваат на барателите - компјутери наречени клиенти. Серверите се постојано приклучени во мрежата, а клиентите се приклучуваат по потреба.
Секој сервер си има свое име т.е адреса. Таа е наречена интернет адреса или адреса на интернет протокол или скратено IP –адресс, таа се состои од 4 групи на броја , секоја со вредност од 0 до 255, меѓусебно разделени со точка. На пример 195.149.125.085 е адреса на нашето училиште. За да се паметат ваквите адреси од броеви тие се заменети со ознаки кои можат да бидат цели имиња или кратенки. На пример , претходната бројна адреса може да има ознака gimnzazija.jbt.edu.mk
На овие сервери се поставуваат сите податоци кои се организирани во страници. Исто така денес многу популарни програмите за ,,пеер-то-пеер филе схаринг“ или размена на податоци од хост на хост така што е потребно да пуштиш податоци за да добиеш, но со овој начин на пренос на податоци се нарушуваат авторските права и се зголемува пиратеријата.
[уреди] -Адреси на интернет-
Адресите се формирани слично како и поштенските адреси: име, презиме, улица, број итн. Знаеме дека кога патува некое писмо, прво се гледа државата, потоа местото , улицата ,бројот и на крајот името на примачот . Слично е и во интернетот. Секоја држава има своја единствена интернационална адреса т.е кратенка наречена код. На пример кодот за Македонија е .mk за Грција .gr за Франција .fr, Велика Британја .uk итн. Кога патува некое писмо, откако ќе ја видиме државата потоа го бараме местото. Но бидејќи во секоја држава има многу различни места, адресите на Интернет не се земени по места туку по дејности, бидејќи дејностите , како што се :образование, стопанство, управа итн. ги има во секоја држава. Овие дејности се наречени домени. Во интернетот постојат 6 домени. Нивните имиња се кратенки од англиското име за дејноста и тоа:
- - edu – за образование
- - com – за стопанство
- - gov -- за управа
- - mil – за војска
- - org -- за непрофитни организации
- - net -- за комјутерски мрежи
А за улица се земени организациите и подорганизациите во дејноста. Така во образованието во Македонија постојат повеќе организации и подорганизации како што се универзитетите и факултетите. На пример името на гимназијата ,, Јосип Броз - Тито” на интернет е јбт , а на некоја гимназија е дсу. Овие имиња всушност се имиња на под – домени. На пример некој студент он некој фалкултет си дал интернет име гоце тогаш неговата интернет адреса е goce@jbt.dsu.edu.mk. Знакот @ означува припадност, што значи гоце припаѓа на односно е под-домен на jbt.dsu.edu.mk овој домен е под-домен на dsu.edu.mk , кој пак е под домен на доменот за образование edu.mk , а тој е под-домен на доменот mk кој е под домен на интернет.
[уреди] -Видови на поврзување на интернет-
Поврзувањето најчесто се врши преку посредник така наречен провајдер. Тоа е фирма која обезбедува интернет така што корисникот го поврзува со другите провајдери, од другите земји од светот. Провајдерот располага со брз сервер и со специјална опрема, а за своите услуги наплаќа од корисниците. Корисникот е потребно да си купи ИП адреса односно корисничко име и лозинка со кои ќе можат да се поврзат на интернет. Во македонија постојат неколку провајдери едни од нив се МТ-нет , Он-нет , У-нет , Теле-кабел , Мол , Цкѕстар и многу други. Постојат различни на;ини на поврзување на интернет, а тоа е :
- Dial-up конекција со брзина до 54кбпс
- ISDN конекција со брзина до 128 кбпс
- АДСЛ со брзина до 1мбпс
- cable (кабловка конекција) со брзина до 512 кбпс
- Сателитски интернет (сообраќај само во еден правец download) до 16.000 мбпс
- wi-fi (бежична конекција) со брзина до 300кбпс
Новости: Во 1996 година започна да се создава една нова мрежа наречена интернет2™ односно 200 универзитети формираа непрофитна организација (UCAID)The Unuversitis Corporation for Advanced Internet Development, и уште 20 најаки ИТ компании во светот како : Microsoft, HP, IBM, Sun microsustem, Red Hat и многу други се поврзаа и направија супер брза мрежа наречена Аблине. Сите овие фирми, универзитети и други државни установи денес се поврзани со интернет2™ односно со конекција брза 10гбпс , односно конекција 150 000 пати побрза од денешната , така на пример еден двд филм од 4гб може да се симне за 5 секунди. Корисници на оваа мрежа можат да бидат само организации членки на интернет2 односно оние кои ќе придонесат за развој на оваа мрежа, а членство на физички лица не е дозволено. Партиципацијата чини 50.000 долари годишно.
[уреди] Види исто така
- Интернет пребарувач
- Листа на интернет теми
- Уметност на интернет
- Сајберсекс
- Интернет демократија
- Динамика на интернетот
- Екстранет
- Размена на фајлови
- Хактивизам или Хакерска култура
- Интернет архива
- Интранет
- Нетикета
- Мрежно мапирање
- Интернет сленд
- Тролови и тролирање
- Видеотекст - рана комуникациска технологија
- Вирален маркетинг
- Дигитален јаз
- Директориум
- Блог
- Форум