Рибофлавин
Од Википедија, слободна енциклопедија
Витаминот B2 или рибофлавин (лактофлавин) е составен дел на флавин нуклеотидите (FMN и FAD). Рибофлавинот се состои од диметил-изоалоксазински прстен, за кој на положбата 9 е врзан алкохол D-рибитол. Хемиското име на рибофлавинот е 6,7-диметил-9 N-рибитил-изоалоксазин.
Рибофлавинот е портокалово-жолта кристална супстанца, растворлива во вода и стабилна на зголемена температура, особено во кисела средина. Водниот раствор на рибофлавинот флуоресцира со жолто-зелена боја.
Рибофлавинот е многу распространет во природата. Се наоѓа во млекото, месото, јајцата, овошјето и лиснатиот зеленчук. Многу бактерии и габи можат да го синтетизираат.