Јустинијан I
Од Википедија, слободна енциклопедија
![]() |
|||||||||||||||||||
Јустинијан I 483-565 |
|||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Претходник: Јустин I |
Византиски цар 527-565 |
Наследник: Јустин II |
|||||||||||||||||
Династија | Јустинијанова династија | ||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||
|
Јустинијан I (Лат.: Flavius Petrus Sabbatius Iustinianus, Грч.: Μέγας Ιουστινιανός, 11 Мај, 483–13/14 Ноември, 565), византиски цар, император на Источното Римско Царство (од 527—565 год.), христијанин и православен теолог. Најстојувал да ја обнови моќта и големината на Римската Империја која била ослабена со упадите на варварските племиња. Познат е по проширувањето на Империјата, првенствено со воените кампањи на Велизариј, како и по неговиот брак со контраверзната царица Теодора. Го свикал Петтиот Вселенски собир со намера да ги смири монофизите и православните. Историјата го памети и како најголем кодификатор на класичното римско право.
Содржина |
[уреди] Живот
Петрус Сабатиус бил роден во малото село Тауресиум, денешно село Таор во византиската префектура Илирик, во близина на Скупи, веријатно на 11 мај 483 год. од Вигилантија, сестрата на генералот Јустин, кој подоцна ќе стане византиски император Јустин I. Јустин I го посвоил и го зел кај себе во Константинопол, обезбедувајки му солидно образование, особено од областа на правото, теологијата и историјата. Кога Јустин I бил прогласен за император, тој добил висок воен чин во царската гарда (magister militum).Уште пред доаѓањето на императорскиот престол, Јустинијан покажувал голема надареност за владеење што, се потврдувало со големото влијание што го имал врз неговиот вујко. Во 525 год. добил титулата кајсар, а на 4 април 527 год. бил прогласен за август, со што станал коимператор на Јустин I. На 1 август 527 год. Јустин I умрел , со што Јустинијан на 44 годишна возраст станал единствен император на Источното Римско, односно Византиско царство. Покрај Јустинијан мошне влијателна била и неговата сопруга Теодора со која се оженил во 525 год. и покрај нејзиното неугледно потекло. Таа со својата интелегенција успеала да се наметне речиси како совладетел на Јустинијан. Во 548 год. Теодора умрела, а Јустинијан ја надживеал речиси 20 години и умрел на 13 или 14 ноември 565 год.
Главен извор за историјата на Јустинијановото владеење се делата на Прокопиј, иако и хрониката на Јован Ефески содржи мноштво детали. Покрај официјалната историја, Прокопиј напишал и Тајна историја во која известува за различните скандали од дворот на Јустинијан I.
[уреди] Воени активности
Воените успеси и проширувањето на Византиската империја во времето на Јустинијан I во голема мера се заслуга на јустинијановиот најголем војсководител Велизариј. На 22 јуни 533 год. Јустинијан го испратил Велизариј со војска од околу 15-16 000 пешадијци и коњаници во Африка. По двете битки кои се одиграле во близина на Картагина (Ad Decimum, во септември и Tricamarun, во декември 533), како и заробувањето на вандалскиот крал Гелимер (пролетта 534 год.), Африка станала префектура во рамките на Византиската империја.
Веднаш по успешното враќање на Африка во рамките на Империјата, во 535 год., со 9000 војска, Велизариј го започнува освојувањето на Италија. Со Сицилија загосподарил при крајот на 535 год., следната година го освоил Неапол и на 10 декември 536 год. влегол во Рим. Во есента или зимата 539-540 год. Велизариј ја опседнал Равена и во мај 540 год. го заробил Источно-готскиот владетел Витигес. Италија, која покасно станала префектура под команда на равенскиот егзарх, била вратена на Империјата.
Во походите кон север војската на Јустинијан стигнала до реките Сава и Дунав и околу 535 год. го реновирал Сингидунум (денешен Белград).
Во Шпанија Јустинијан ги освоил Андалузија и приморската област на југоисток од Западните Готи и организирал воено заповедништво.
Во 540 год., прекршувајки го "вечниот мир" од 522 год., Персијанците ја нападнале Антиохија при што градот бил разорен, а жителите раселени. Иако Велизариј извојувал победа над Персијанците во битката кај Еуфрат, сепак Јустинијан бил приморан да го обнови мирот со Персија (во 546, и повторно во 562), кој овој пат поскапо го чинел.
Во текот VI век Балканот бил на неколку наврати пустошен од Аварите, Словените и Кутригурите. Овие варварски упади дополнително ја оптоварувале Империјата и ја намалувале нејзината моќ.
Истовремено во западниот дел од Империјата се јавиле бунтови. Во Италија енергичниот крал Тотила меѓу 542 и 547 год. повторно го освоил речиси целиот полуостров. Велизаровиот наследник Нарзес, кому Јустинијан му ја доверил врховната команда над Италија успеал да го порази Тотила во 552 год. и на Византија да и ја врати опустошената и ослабена земја.
[уреди] Светиот цар Јустинијан
Големината на овој цар е неразделно поврзана со неговата длабока православна вера. Верувал и живеел според верата. За време на Пост не јадел леб и не пиел вино, а се хранел со зелје и пиел вода секој втор ден. Завојувал со дунавските варвари само затоа што ги кастрирале заробениците. Ова е еден од знаците на неговото човекољубие. Бил среќен и успешен во војните и во работата. Изградил голем број прекрасни храмови, од кои најубав е Света Софија во Цариград. Ги собрал и ги спроведил римските закони. Самиот издавал многу строги закони против неморал и распусност. Ја составил црковната песна „Јединородни Сине и Слове Божји“, којашто од 536 година почнала да се пее на литургија. Го свикал Петтиот Вселенски Собор во 553 година.