Фински јазик
Од Википедија, слободна енциклопедија
Фински јазик | |
---|---|
Се говори во: | Финска, Естонија, Шведска, Норвешка, северозападна Русија (Карелија) |
Реон: | Северна Европа |
Општ број на говорници: | 6 милиони |
Ранглиста: | По 100-та позиција |
Класификација: | Уралски Угро-Фински |
Официјална положба | |
Официјален јазик: | Финска, Европска Унија и руската република Карелија |
Контролиран од: | Институтот за истражување на финските јазици |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | fi |
ISO 639-2 | fin |
SIL | FIN |
Финскиот јазик е јазикот кој го говори мнозинството од популацијата во Финска (92%) и од Финците надвор од Финска. Тој е официјален јазик на Финска и на официјалното финско малцинство во Шведска.
Финскиот јазик е член на Угро-Финските јазици и е класифициран како аглутинативен јазик. Тој ги модифицира формите и на именките и на придавките во зависност од нивната улога во реченицата. Има репутација дека е тежок за учење и разбирање. Ова е првенствено поради тоа дека има само неколку јазици блиску поврзани со него, така правејќи го речникот непознат.