Комунизам
Од Википедија, слободна енциклопедија
Видови на владеење |
---|
дел од серијалот за Политика |
|
Политички портал · уреди |
Комунизам е политичка теорија чии приврзаници се залагаат за воспоставување на бекласна и бездржавна заедница на изобилството при што сметаат дека единствениот начин за создавање услови за премин кон една таква заедница е воведувањето на еднопартиска диктатура со тоталитарни карактеристики на чело со комунистичката партија. Обично комунизмот се дефинира само преку стремежот за остварување на бескласно општество во кое распределбата ќе се врши според принципот „секој според способностите, секому според потребите“, но бидејќи и други левичарски теории тежнеат кон истата цел (во прв ред анархистите), нужно е при дефинирањето на комунизмот да се вклучи и начинот преку кој комунистите намераваат да го изградат бекласното општество, односно, и убедувањето дека патот до бескласното општество води преку т.н. „диктатура на пролетаријатот“, која во стварноста беше диктатура над пролетаријатот и над останатите класи во општеството.
Комунистичкото учење се темели врз ленинизмот, кој го претставува Лениновото учење и неговото толкување на марксизмот. Поради карактеристичната тоталитарна нетолерантност, комунизмот како политички правец и како политичка теорија не е хомоген. Напротив, постојат повеќе поттипови комунистички теории:
- Сталинизам
- Троцкизам
- Титоизам
- Маоизам
- Кастроизам
- Хоџаизам
- Кимизам
Обично, помеѓу комунистичките теории се вбројуваат и еврокомунизмот и комунизмот на советите, но тие, освен своето име, во суштина немаат многу заедничко со комунистичките теории.
Како политичка сила комунизмот беше влијателен речиси во целиот 20 век, почнувајќи од Болшевичката револуција од 1917 до падот на комунизмот во бившиот Советски Сојуз и во Источна Европа во периодот 1989-1991.
Особено беше популарен во тек на 50-тите и 60-тите години од 20 век кај сиромашните земји во Азија и Африка, на кои никогаш порано не им успеа да се ослободат од империјализмот на Западно Европските земји. Под закана од уште поголема популарност на комунизмот, големи сили и членки на НАТО, како што се САД, Велика Британија, Франција, Белгија, Португалија итн, се повлекоа од своите дотогашни колонии - речиси цела Африка, Кина, Индија, Индокина, Кореја, Куба и така натаму. Некои земји, како Индија и голем број Африкански земји, не станаа комунистички, иако светскиот наплив на популарност на комунизмот им беше од помош на патот кон самостојноста.
Денес влијанието и привлечноста на комунизмот му се драстично намалени, иако се уште постојат земји, како Кина, Куба, Северна Кореја, Виетнам и Лаос, каде на власт се сеуште комунистите.