Тригонометрија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Тригонометријата (од Грчкиот збор trigonon=три агли и metro=мерка) е гранка на математиката која се справува со агли, триаголници и тригонометриски функции како што се синус, косинус and тангенс. Има врска и со геометрија, иако има несогласувања за нивниот сооднос; за некои тригонометријата е само дел од геометријата.
[уреди] За тригонометријата
Тригонометриските функции се дефинирани преку правоаголни триаголници. Тоа се триаголници со еден прав агол (90 степени или π/2 радијани). Најдолгата страна на триаголникот е онаа спроти правиот (најголемиот) агол и се нарекува хипотенуза.
Ако се пресмета количникот од должината на спротивната страна на аголот A и хипотенузата, ќе се добие број помеѓу 0 и 1 кој зависи од А. Тој се нарекува синус од аголот A и се пишува sin(A) или sinA. Слично, може да се дефинира и косинус од A како количник од должината на налегнатата страна на аголот А и хипотенузата.
(каде opp = спротивна страна, adj = налегната, hyp = хипотенуза)
Овие се најбитните тригонометриски функции, додека други можат да се дефинираат со количници на должините на другите страни, но исто така можат да се изразат преку синус и косинус. Тие се тангенс, секанс, котангенс и косеканс.
(каде opp = спротивна страна, adj = налегната, hyp = хипотенуза)
- Ознаката за тангенс, во Македонија обично се пишува како tg наместо tan, а за котангенс - ctg, наместо cot.
До сега, тригонометриските функции се дефинирани за агли помеѓу 0 и 90 степени (0 и π/2 радијани). Со користење на единечна кружница, тие можат да се прошират за позитивни и негативни аргументи (види тригонометриски функции).
[уреди] Видете исто така
- Тригонометриски идентитети
- Trigonometry--What is is good for? Прв од 7 дела за брз курс на средношколско ниво (на англиски).