Магна Карта
Од Википедија, слободна енциклопедија
Во јуни 1215 година кралот Џон под притисок на бунтовничките барони бил принуден да ја потпише Големата Повелба за Правата (латински: Magna Carta Libertatum). Со неа се ограничела моќта на монархот, а обичните луѓе се стекнале со права, со што започнале да се развиваат идеите за слобода и демократија. Magna Carta во буквален превод значи Голема Карта.